Четири евтини билки кои ги бркаат комарците

Можете да ги посадите во саксии во вашиот дом или на тераса. Доколку ве нервираат комарци, овие мириси ќе ги нервираат нив и ќе бегаат подалеку.

Доаѓа сезоната на комарците, веројатно секому најнеомилените инсекти кои крволочно напаѓаат и досадно зујат. Доколку не сакате да се прскате со хемикалии, тогаш пробајте со многу поздраво решение.

Постојат четири билки кои со својот мирис ги бркаат комарците, а воедно можат да се користат и како зачини во јадења.

Босилек

Овој омилен зачин на италијанската кујна може да се најде на секој пазар и е со доста прифатлива цена. Комарците не го сакаат неговиот мирис и добро е да го имате во просториите кои често ги проветрувате поради што и ви влегуваат комарци.

Рузмарин

Уште една евтина билка која бара дури и далеку помала нега од босилокот. Рузмаринот е неподнослив за комарците, особено кога цвета, а маслото кое се наоѓа во неговите гранчиња може да го ублажи и чешањето предизвикано од убод на комарец.

Лаванда

Како што ги брка молците, така ги брка и комарците. Посадете ја на тераса или во саксија до прозор за комарците да не ни помислат да влезат во вашиот дом.

Маточина

Позната и како лимониче или пчелник, маточината е билка од фамилијата нане која кога цвета е опасна за комарците. Чувајте ја исклучиво на тераса, не и во домот бидејќи привлекува пчели, оттаму и едно од имињата.

Тагови
реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Чек дис аут

Спасување снешко на руски начин

Read more

Париз под бела покривка: Снегот привлече многумина на улиците, некои дури и скијаа

Read more

Уште му е криво за Херонеја 338 п.н.е.

Read more

Над 80 илјади плишани мечиња прекинаа натпревар во САД

Read more
 

Магазин

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Читај повеќе

Храна што треба да се избегнува и консумира за време на бременост

Читај повеќе

Како спиењето во ладна соба може да ви помогне да ослабете?

Читај повеќе

Колку долго трае идеалниот секс?

Читај повеќе

Невролог споделува совети за забавување на стареењето на мозокот

Читај повеќе

Динстан пилешки џигер со карамелизиран кромид

Читај повеќе

СЗО предупредува дека алкохолот во Европа е премногу евтин

Читај повеќе

Кога е вистинското време да ги пресадите вашите собни растенија?

Читај повеќе

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе