Четири голови и 2 асистенции за македонските фудбалери во странство

Четири голови и две асистенции забележаа македонските фудбалери кои настапуваат во странство изминатиов викенд.

Албанија
Стружанецот Егзон Белица донесе водство за Партизани на гости кај Фламуртари во 54-тата минута, но само неколку минути подоцна домаќинот се избори за реми. Прв гол сезонава за македонскиот бек.

(на 1:48)

Ерменија
Денис Махмудов во 55-тата минута го постигна победничкиот гол за Пјуник во минималната победа дома над Ширак. Вистински еврогол за Денис, негов петти сезонава.

(на 0:22)

Кипар
Нов гол за Иван Тричковски. Во 13-тата минута со глава му донесе водство на АЕК дома против Докса, а на крајот неговиот тим победи со 2:1. За жал, Тричко се повреди и во 69-тата минута мораше да биде заменет.

(на почеток)

Словачка
Нов гол на Милан Ристовски за Нитра. Овој пат настрада нашиот голман Дејан Илиев чиј тим Серед загуби дома со 0:1 токму благодарение на прекрасниот гол од слободен удар на Ристовски постигнат во 73-тата минута.

Србија
Никола Богдановски во 34-тата минута изнуди пенал за Жарково, а му се запиша како асистенција откако неговиот соиграч успешно го реализираше носејќи водство од 0:2. На крајот неговиот тим победи со 2:4 на гости кај Нови Пазар.

(на 1:46)

Швајцарија
Никола Ѓорѓев запиша нова асистенција, повторно поради одлчично нафрлување. Овој пат му намести гол на Александар Цветковиќ кога нивниот Грасхоперс израмни на гости кај Винтертур. На крајот натпреварот заврши 1:1. Одличлните игри на Ѓорѓев сезонава, 6 асистенции и 5 голови, му донесоа повик во репрезентацијата на Македонија.

(на 2:03)

реклама

Мистерија на Арктикот подгрева теории на заговор: Што се крие на замрзнатиот континент?

Read more

Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Read more

Спектакл на небото: Како да го гледате метеорскиот дожд Персеиди?

Read more

Што се знае за првата регистрирана вакцина против коронавирусот?

Read more

Фудбал

Извлечени двојките за новата сезона во Вторите лиги

Read more

Далеку од дрим-тим: Најлошите фудбалери кои освоиле ЛШ титула

Read more

Косовскиот шампион пред исфрлање од ЛШ поради позитивни фудбалери

Read more

Дури 151 фудбалер во Бразил е заразен со COVID-19

Read more

Спорт

Извлечени двојките за новата сезона во Вторите лиги

Читај повеќе
  • play_arrow

Далеку од дрим-тим: Најлошите фудбалери кои освоиле ЛШ титула

Читај повеќе

Косовскиот шампион пред исфрлање од ЛШ поради позитивни фудбалери

Читај повеќе

Дури 151 фудбалер во Бразил е заразен со COVID-19

Читај повеќе

Пелистер му подаде рака на Силекс давајќи му два дена одмор пред ЛШ

Читај повеќе

Мата: Преморени сме, но важно поминавме

Читај повеќе

Меси купи стан во Милано и повторно ги разгоре шпекулациите

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се седумте фудбалери со нула голови сезонава?

Читај повеќе

Интер по десет години во полуфинале на европско натпреварување

Читај повеќе