Љубов и секс

Четири хороскопски знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето

18. ноември 2019 - 17:51 | М.С.

Некои луѓе се поемотивни за разлика од други, па затоа тешко се носат со промените и разделбите. 

Кои се хороскопските знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето?

Рак

Раковите се најемотивниот знак во Зодијакот, а љубовта и семејството им се на прво место. Секогаш ги идеализираат работите, па не можат да живеат во реалноста. Не ги сакаат промените, се плашат од разделбите и затоа се обидуваат да ја задржат љубовната врска на секаков начин. Дури и кога ќе прекинат, се обидуваат да останат во контакт со поранешниот партнер.

Риби

Дури и кога ќе најдат нова љубов, хороскопските знаци ги чуваат спомените од поранешниот партнер. Нивниот период на закрепнување трае долго, па самите се мачат живеејќи во минатото.

Скорпија

Скорпиите се чувствителни и силни, но и страствени личности. Тие уживаат во љубовната врска и за секој партнер мислат дека е вистинскиот. Тешко прифаќаат дека нивниот поранешен партнер среќата ја нашол на друго место.

Бик

За нив, раскинувањето е болен и долготраен процес, а никогаш нема да го признаат тоа. Биковите тагуваат во себе, иако на прв поглед се чини дека раскинувањето не ги погодува.

Коментирај