Четири можни сценарија како ќе продолжи судирот во Украина

Кајгана
/ 05.10.2022 / 14:19

Откако украинската војска направи низа успеси во контраофанзиви на истокот и на југот на државата, многумина се прашуваат што е следно и што може да се очекува од Русија во наредните недели. Украинските медиуми анализираа четири можни сценарија за понатамошните случувања на фронтот.

Додека Украинците ослободуваат територии, Русија и офцијално го ратификуваше анектирањето на Херсон, Запорожје, Донецк и Луганск во Руската Федерација.

Иако Киев соопшти дека за нив оваа одлука не менува ништо, Русија нагласи дека ќе ги користи ситевоени и други средства за заштита на анектираните територии.

Русија ќе постави ултиматум со закана за употреба на нуклеарно оружје

Сценариото кое често се споменува е дека Русија ќе бара од Украина прекин на непријателството по должина на целата линија на фронтот заканувајќи се со нуклеарен удар во случај на одбивање на ултиматумот.

„Прво би можеле да изведат демонстративен нуклеарен удар над Црното Море или да употребат тактичко нуклеарно оружје во Западна Украина, по што би поставиле ултиматум“, анализира весникот Страна.

Војната ќе си продолжи во ист формат

Втрото сценарио е дека Русија нема да употреби оружје за масовно уништување и ќе си продолжи како и до сега, со формат на „специјални воени операции“.

„Фактот дека Русија прогласи делумна мобилизација дава аргументи во прилог на ова сценарио. Дополнувањето на мобилизираните кадри ќе ѝ овозможи на Русија да го реши основниот проблем. На основа на тоа, руската војска може да смета дека ќе ја сопре украинската офанзива“, се наведува во анализата.

Украинските аналитичари сметаат дека војната ќе поприми карактер на исцрпување во кој Москва ќе ги наговори Киев и Западот на примирје под прифатливи услови.

Русија ѝ објавува војна на Украина и општа мобилизација

Третото сценарио не вклучува употреба на нуклеарно оружје и се разликува од претходното по бројот на мобилизираните. Мобилизациските ресурси на Русија се многу поголеми од украинските, па Москва може да оствари значителна предност во бројки на фронтот за продолжување на офанзивните активности.

Сепак, многумина уште не знаат дали Русија има ресурси да вооружи и обучи толкава бројка на луѓе во случај на општа мобилизација. Од друга страна, доколку се прогласи општа мобилизација, општествените последици во Русија би можеле да бидат многу сериозни.

Војната влегува во бавна фаза

Последното сценарио кое се разгледува подразбира двете страни, без официјално објавување на примирје, де факто постепено да ги намалат активностите на фронтот и да се приближат до нивото кое беше во 2015 година во Донбас. Ова подразбира бавна војна со периодични влошувања. Оваа опција според анализите би можел на Украина да ѝ ја препорача и Западот. 

„Тоа би го направиле под изговор Путин да се натера во ќор сокак. Русија би ја искористила оваа можност за да здивне и за реорганизација на војската“, наведува Страна.

Сепак, до сега немаше сигнали дека страните сакаат договор, а тоа го потврди и одлуката која ја потпиша Зеленски, во која се наведува дека преговори со Русија, додека на нејзино чело се наоѓа Путин, се невозможни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе