Четири можни сценарија: Што ќе се случи ако сега умре Зеленски или Путин?

МАКФАКС
/ 18.04.2023 / 08:25

Агенцијата AP и The New York Times објавија нови документи кои ги откриваат американските сценарија за четирите „најлоши опции“ поврзани со војната во Украина.

Документите вклучуваат анализа за тоа што би можело да се случи во случај на смрт на рускиот претседател Владимир Путин или украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Документите имаат ознака „тајна“, што е пониско ниво на заштита од „строго доверливо“. Неколку американски функционери во изминатите денови изјавија дека документите што беа објавени се „застарени“ и дека во многу случаи тие не ги претставуваат тековните проценки на разузнавачките агенции.

Едно од четирите хипотетички сценарија опишува што би можело да се случи доколку Украина го нападне Кремљ. Идентификуван е широк опсег на можни импликации.

Конфликтот може да ескалира, при што Путин ќе одговори на гневот на јавноста со започнување на голема воена мобилизација и размислување за употреба на тактичко нуклеарно оружје, се вели во документите.

Спротивно на тоа, стравовите на населението може да го наведат рускиот лидер да се обиде да започне преговори за завршување на војната.

Администрацијата на Бајден особено би била загрижена за можен украински напад врз Москва, бидејќи тоа би можело да предизвика драматична ескалација, се наведува во документите. Ризикот од ваков напад од Украина е една од причините поради која САД одбија да му испорачаат ракети со поголем дострел на Киев, пишува The New York Times.

Ако рускиот претседател Владимир Путин ги отпушти своите највисоки воени советници, тоа би довело до ескалација, а документите сугерираат дека рускиот лидер тогаш би можел да одобри употреба на тактичко нуклеарно оружје.

„Ова може да се случи само во две ситуации: ако олигарсите го доведуваат во прашање процесот на донесување одлуки на Путин и ако не успеат да го решат проблемот со недостигот на муниција. Тоа е сценарио кое во овој момент изгледа неверојатно“, се наведува во документите.

Третото сценарио се однесува на случајот со смртта на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ако лидерот на Украина умре, најлошото сценарио е европските лидери да ја ограничат испораката на оружје, се вели во документите.

Сепак, документот покажува дека и „висок украински функционер“ би можел да „одржува домашна и меѓународна поддршка“.

Така би имало наследник, забележува The New York Times. Западните медиуми претходно шпекулираа дека врховниот командант на украинските сили Валериј Жалузни би можел да претендира на функцијата претседател бидејќи има голема поддршка меѓу народот.

Во документите се споменува и сценарио во случај на смрт на Владимир Путин, но The New York Times не објави повеќе детали за таа опција.

Документот опишува различни можни настани, без да се процени кој од нив е најверојатен. Многу зависи од начинот на кој би умрел.

Во случај на атентат, американското воено разузнавање стравува дека тоа ќе доведе до ескалација и целосна воена мобилизација и дека Русија ќе употреби тактичко нуклеарно оружје во Украина.

реклама

Кои се првите симптоми на венска болест?

Read more
Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Угреновиќ се произнесе виновен за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски

Read more
Хан: Го видов невозможното во Македонија

Хан: Го видов невозможното во Македонија

Read more
Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Седум работи што не сте ги знаеле за Иванка Трамп

Read more

Свет

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Read more

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Read more

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Read more

Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина успешно завршена, Трамп им честита

Read more
 

Вести

Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Читај повеќе

Нова авиолинија од Скопје до Ларнака во Кипар

Читај повеќе

Politico: Германска компанија ги заобиколила санкциите и преку Словенија продала технологија на Русија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради ракометниот натпревар

Читај повеќе

Семејствата на жртвите во Пулс ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Читај повеќе

Пристигна одговорот на ЕУ на заканата на Трамп за царините

Читај повеќе

Во последните 72 часа Украина го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Русија од почетокот на војната

Читај повеќе

Трамп: Ќе воведам царина од 25% на Apple ако не почне да произведува iPhone во Америка

Читај повеќе

Мицкоски повика на фер третман: Уморни сме од постојаните блокади поради билатерални прашања

Читај повеќе