Четири најдобри апликации за следење земјотреси

Дали сакате да се информирате или да добивате предупредувања за земјотрес во вашата близина или во светот? Ви ги претставуваме четирите најдобри апликации за тоа.

За жал, природните непогоди, како земјотреси, се суровата реалност на светот во кој живееме. Додека Турција и Сирија бројат десетици илјади жртви и огромна материјална штета по серијата земјотреси, почвата се тресе и во Романија и Грција, а се почувствува потрес и кај нас. Затоа е многу корисно да останете информирани за овие настани, а најбрзиот начин да го направите ова е преку апликации на паметниот телефон.

Иако Google го интегрира системот за предупредување за земјотрес во својот оперативен систем Android, оваа функција сè уште не е широко распространета, затоа мора да се потпреме на апликации од трети страни за да бидеме информирани за земјотреси во нашата близина навремено. Ние ви ги презентираме четирите најдобри апликации за следење на земјотреси:

LastQuake

Ова листа нема рангирање, но ако мораме да издвоиме едн апликација пред другите, тоа секако е LastQuake, проект на Европскиот сеизмолошки центар. Покрај официјалната страница, која е достапна за информации за земјотреси низ целиот свет, на корисниците исто така им е достапна апликација за паметни телефони која ја нуди истата функционалност.

Корисниците може самите да пријават земјотреси, а со другите корисници да споделуваат искуства во коментарите, а апликацијата известува за потреси во радиус што самите го одредувате.

Рака на срце, апликацијата изгледа прилично застарено, но сè додека е едноставна за употреба, функционална и ажурна, овој аспект лесно се занемарува.

My Earthquake Alerts

Како што кажува самото име, My Earthquake Alerts ги следи земјотресите низ целиот свет и ги известува нејзините корисници. Прилично е ажурна, така што не треба да се грижите дека нема да ве извести за земјотрес што се случил во близина.

Дизајнот на аплиакцијата е можеби најпрегледен во споредба со другите сервиси од овој вид, а недостаток на My Earthquake Alerts е отсуството на дел за коментари.

Earthquake App

Уште една корисна и добро дизајнирана апликација за следење на земјотресите е Earthquake App. Земјотресите се прикажани во форма на картички на почетната страница - прво оние во близина, а потоа и најзначајните во светот.

Исто така, има многу корисна мапа што нуди поголема прегледност од другите апликации благодарение на паметното групирање на земјотреси за полесна навигација.

Earthquakes Tracker

Убедливо најгрдата и најкомплицирана апликација на нашата листа е Earthquakes Tracker. Како и да е, иако оваа апликација на прв (па и на втор) поглед можеби ги одбива корисниците со својот изглед и дизајн, таа е едно од најкорисните решенија ако сте подготвени да ги истрпите непрегледните листи и иконите кои понекогаш и не сме сигурни што означуваат.

Им овозможува на своите корисници многу точно да го филтрираат и пребаруваат тресењето на тлото низ светот, и до детали да нагодат кои известувања сакаат да ги добиваат. Опцијата за детектирање цунами е бонус карактеристика.

Се разбира, цунамијата не се опасност во Македонија, но оваа функција може да биде многу корисна за оние кои патуваат во ризични подрачја.

реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Интернет

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Read more

Дали знаете како да си ја зачувате приватноста на сите ваши апликации?

Read more

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Read more

Рекламите стигнаа и на Gmail

Read more
 

Гик

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе