Здравје

Четири намирници кои не треба да ги јадете пред спиење

19. декември 2019 - 15:08 | М.С.

Првото правило кога јадете навечер е да не јадете премногу. Иако научниците велат дека јадењето пред спиење не игра голема улога на зголемувањето на телесната тежина, некои намирници можат да влијаат на квалитетот на сонот. 

Доколку сте во можност, најдобро е да заминете на спиење по три часа од последниот оброк.

Вашиот дигестивен систем продолжува со работа во текот на ноќта додека спиете, а тоа влијае на квалитетниот сон. Наредниот ден ќе се чувствувате уморни.

Кои намирници треба да ги избегнувате?

Чоколада

Доколку изберете чоколадна торта или колач, внесувате голема количина на шеќери во организмот. Чоколадата може да содржи и скриен кофеин кој дури во мала количина може да ги прекине процесите кои го поттикнуваат лачењето на хормонот на сон.

Исто така, многу видови чај, па дури и бескофеинско кафе содржат кофеин кој ќе ве држи будни доколку овој пијалак го консумирате пред спиење.

Наместо тоа, изедете банана.

Бананите се одличен извор на магнезиум кој помага во смирување на хормонот на стрес и може да влијае на квалитетот на сонот.

Масна храна

На масната храна ѝ треба подолго време за да се преработи во организмот. Иако ова може да биде добра вест бидејќи така ќе биде сити подолго време, не се препорачува да јадете масна храна пред спиење.

Не е препорачливо да консумирате ниту млеко, јогурт, авокадо, јаткасти плодови и путер пред спиење.

Наместо тоа, може да јадете пуканки или крекери, но во мала порција.

Кисела храна

Околу 10 проценти од младите мажи страдаат од рефлуксна болест(присуство на киселина во желудникот). Вообичаените симптоми се пецкање во предниот дел од грлото.

Треба да избегнувате да јадете зачинета или пржена храна пред спиење.

Наместо тоа, јадете варени јајца. Со протеинот ќе го ублажите чувството на глад, а јајцата се лесна храна за желудникот.

Алкохол

Алкохолот го ремети ритамот на сонот.

Можеби ќе ви помогне да заспиете полесно, меѓутоа ќе се разбудите неколкупати во текот на ноќта.

Јадете киви

Студија од 2017 година консумирањето на киви го поврзува со подобрување на квалитетот на сон.

Поради антиоксидантите, вклучувајќи го и серотонинот, кивито ќе ви помогне да заспиете полесно и ќе го подобри квалитетот на сон.

Освен киви, може да јадете и јаболка или шумско овошје.

Коментирај