Арсен Венгер доби суспензија на четири натпревари поради инцидентот кој го предизвика на мечот со Барнли, одлучи Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
ФА го суспендира францускиот тренер поради „недолично однесување“, бидејќи во финишот на мечот со Барнли, кога судијата Џонатан Мос досуди пенал за гостите, тој најпрвин влезе во расправија со четвртиот судија, а откако беше исклучен и застана на влезот во тунел, го оттурна четвртиот судија Ентони Тејлот.
Венгер нема да може да го води својот тим на натпреварите со Саутемптон во ФА купот, односно против Вотфорд, Челзи и Хал во Премиер лигата.
Покрај суспензијата Венгер заработи и парична казна од 25.000 фунти.