Љубов и секс

Четири правила на модерната љубов

7. ноември 2017 - 11:06 | Кајгана

Веројатно сте пораснале гледајќи филмови и слушајќи љубовни совети од постарите, но новите времиња бараат и нови љубовни правила. Ако сте сингл, корисно е да се знае следново.

Тој кани на состанок, но вие плаќате

По традиција, на првиот состанок плаќа мажот, но во денешно време ова не мора да биде правило.

Потребни се 15 минути

Кога е во прашање хемијата, истражувањата покажуваат дека се доволни 15 минути да одлучите дали меѓусебно се привлекувате. Истото го велат и мажите и жените, а првиот впечаток е сосема доволен и да одлучите дали сакате да се видите на втор состанок.

Искреноста е сè уште најдобар рецепт

Доколку сте на состанок со маж кој не ви се допаѓа, кажете му дека не сте заинтересирани. Истражувањата покажуваат дека 52% од мажите сметаат дека е подобра опција дамата искрено да каже дека не е заинтересирана, отколку да го завлекува мажот и да му го троши времето залудно.

Не одете до крај

Кога е сексот во прашање, уште важат старите правила. Повеќето мажи велат дека ја губат почитта кон жената која на првиот состанок им дозволува да одат до крај. Минимум од три состаноци е некој стандард кон кој не е лошо да се придржувате, а доколку сте сериозни во поглед на врска, не е лошо и малку повеќе.

Коментирај