Четири причини зошто не добивте покана за втор состанок

Покана за првиот состанок ви се чини дека е најтешкиот дел. Но, ја добивте поканата и излеговте заедно, а сепак тоа беше сѐ. Никогаш веќе не ви се јави, не ви пиша порака, а изгледаше заинтересирано на почеток.

Вратете си го филмот и потсетете се како се однесувавте на првиот состанок. Дали направивте една од овие грешки?

Зборувате за претходната врска

Една од најголемите грешки што може да ги направите на првиот состанок е да зборувате за претходната врска. Може да го превртите виното на маса, да се сопнете на влегување во кафичот, и пак ќе имате шанси за втор состанок. Само не ги спомнувајте бившите. Тоа покажува дека уште не сте ја преболиле врската, дека живеете во минатото и уште полошо, дека не ја почитувате приватноста на претходниот партнер.

Премногу зборувате за себе

Повеќето први состаноци се како интервјуа за работа, само со храна и алкохол. Но тој раговор треба да биде двонасочна улица, односно и вие треба да поставувате прашања и да слушате. Ако предолго ја држите топката на свој терен ќе делувате самобендисано и незаинтересирано. А кој сака да седи на маса и да слуша монолог?

Имате лоша меморија

Оваа грешка е слична со втората, но има врска со вашата претходна комуникација со личноста со која сте излезени на состанок. Ако претходно сте размениле некакви информации (каде работи, дали има браќа и сестри, каде живее), а го поставите истото прашање, или уште полошо, два пати го прашате истото за време на состанокот, ќе оставите впечаток дека не ви е гајле. Знаеме дека имате трема, но тие неколку часа се клучни за да сака другата страна да ве покани на втор состанок.

Преголема заинтересираност

Стигнавме до крајот на состанокот и што сега? Нема ништо лошо во тоа да покажете интерес и да ставите до знаење дека убаво сте си поминале. Дали ќе кажете на крајот на средбата „Убаво си поминав, би сакал/а да се видиме пак“, или ќе го напишете тоа во порака, сеедно. Но, не инсистирајте на следна средба веднаш, ако другиот не го „влече“ разговорот натаму. Ако ви кажале дека ќе ви се јават/пишат, почекајте. Понекогаш може да го уништите убавиот впечаток ако сте нестрпливи и напорни.

реклама

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе