Фит

Четири совети за слабеење за жени кои се многу зафатени

18. јуни 2019 - 14:18 | А.С.

Напорите за слабеење и одржување на здрава телесна тежина може да ви се чинат речиси невозможни за остварување ако имате работа, плус домашни задачи и обврски околу децата.

Но тоа не значи дека е навистина невозможно. Доктор Ентони Балдузи од Fit Mother Project споделува четири совети како да ги остварите вашите фитнес цели и да јадете поздраво, сето тоа без жртва во вашиот приватен и деловен живот.

Многу жени не сфаќаат колку е важно спиењето во напорите за слабеење, или поточно квалитетот на спиењето.

Ако на квалитетниот сон ја додадете и здравата исхрана, нема да ви треба многу вежбање за да ја остварите вашата цел – слабеење.

Тој ги дели советите во четири групи што подетално ги објаснува во видеото подолу: 1. Одредување на приоритети, 2. Распоред на оброци, 3. Временски ефикасни тренинзи и 4. Откријте ЗОШТО и држете се до планот.

Коментирај