Четири типови на болки во грбот што не треба да ги игнорирате

Болките во грбот обично не се нешто за што треба да се грижите, но постојат неколку специфични околности за кои мора да обрнете повеќе внимание. Huffington Post одвојува четири типови на болки во грбот што не треба да ги игнорирате.

Болката во долниот дел од грбот е честа и се случува приближно кај еден од осум луѓе. Добрата вест е дека 80 до 90 проценти од болката во долниот дел на грбот е безопасна и брзо минува.

„Грбот може да ве боли неколку дена или една недела, но општо непријатноста брзо минува и може да продолжите со животот“, вели хирургот ортопед Нил Ананд.

Но, кога болката ќе стане постојана и невозможна, треба да се посети доктор.

Еве за кои четири вида на болки станува збор:

1. Болка во долниот дел со губење на контролата на мочниот меур

Доколку имате болка во грбот во комбинација со неможност за регулирање на движењето на бешиката или цревата, тоа е знак дека треба да побарате стручна помош.

2. Болка во грбот со грозница

Ако откриете дека болката во грбот се јавува заедно со грозница тоа може да биде знак на нешто сериозно како некоја инфекција, предупредува хирургот Дејвид Андерсон.

3. Болка во грбот со болки во нозете

Болката која може да се јави на било кој дел од телото од задницата до ногата, заедно со чувство на вкочанетост, пецкање или слабост во нозете е уште еден знак дека нерв или повеќе нерви се вклештени. Ова може да биде предизвикано од оштета на коските или хернија на дискот.

4. Болка во горниот дел од грбот со непријатност во вратот

Многу луѓе кои чувствуваат болка во горниот дел од грбот сметаат дека таа болка потекнува од грбот, но всушност доаѓа од вратот. Доколку осетите болка во грбот поврзана со трнење или слабост во рацете или ако забележите дека чекорите несигурно или имате промени во одењето, тоа е знак дека можеби се случува нешто во ‘рбетниот мозок и дека треба што побрзо да посетите доктор.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе