Четириесет компании ќе добијат поддршка за отворање нова е-продавница

Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар, соопшти денеска АЕТМ.

Вкупниот буџет за повикот изнесуваше 2.240.000 денари (40.000 долари). Ќе биде распределен на 40-те избрани компании, односно 1.000 долари по апликант, од кои 50 проценти финансиска помош и 50 проценти консултантска помош од страна на избраните онлајн пазари или ИТ компаниите кои ќе ги изработуваат самостојните e-продавници.

На јавниот повик за само 10 дена биле пријавени повеќе од 200 компании, чии апликации ги оценувала комисија составена од експерти од областа на е-трговијата.

– Е-трговијата има клучна улога во развојот на економијата, особено во непридвлидливи времиња како овие кога компаниите се обидуваат да ги одржат своите бизниси. Поддржувајќи ги компаниите да ги дигитализираат деловните активности, им помагаме да генерираат приходи и да ги задржат своите работници. Тоа ја гради отпорноста на Северна Македонија кон негативните влијанија од COVID-19 и придонесува за зајакнување на економската одржливост на земјата, изјави Ерик Јановски, претставник на Канцеларијата на УСАИД во Република Северна Македонија

Од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија потенцираат дека со овој повик се вклучуваат во напорите за подигнување на свеста и зголемување на понудата за е-трговијата во нашата земја.

– Како два клучни проблема, кои беа мапирани и потврдени од двете годишни анализи за раст и развој на е-трговијата, се покажаа недоволната едукација и недоволната понуда во областа е-трговија. На едукација работиме веќе трета година и ќе продолжиме да работиме уште повеќе бидејќи тој пат е навистина долг и има уште многу работа. Преку оваа иницијатива дополнително ќе ги мотивираме компаниите да дигитализираат дел од своите услуги и да отворат нов или дополнителен продажен канал – e-продавница, кој ќе им овозможи да ја зголемат својата продажба и дигитално присуство, истовремено зголемувајќи ја понудата во е-трговијата во Северна Македонија, наведуваат од АЕТМ.

Резултатите од јавниот повик со избраните 40 компании кои ќе добијат поддршка се достапни на следниот линк.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Бизнис

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more
 

Вести

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе