Хроника

Четиригодишно дете повредено во сообраќајка во Битола

18. јуни 2019 - 16:01 | МИА

Вчера во 20:45 часот на паркингот кај Домот на култура во Битола, патничко возило „Опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(28) од с.Долно Оризари, битолско, удрило во четиригодишно дете.

Детето било пренесено во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Битола.

Коментирај