Хроника

Четиринаесетгодишно дете повредено од автомобил на ул. Џон Кенеди во Скопје

18. мај 2018 - 14:38 | МИА

Скопје, 18 мај 2018 (МИА) - Четиринаесетгодишно дете вечера на ул.„Џон Кенеди" во Скопје било повредено при удар од патничко моторно возило Seat Ibiza со скопски регистарски ознаки кое го управувал  А.Ѓ.(48).

МВР информира дека по незгодата, со возило на Итна медицинска помош детето било пренесено во Клиниката по хирушки болести „Св. Наум Охридски", каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Коментирај