Четирипати повеќе заразени туристи на Промахонас отколку на аеродромот во Атина

Атина, 13 јули 2020 (МИА) – Зелено светло за директни летови од Велика Британија и Шведска; интензивирање на контролите на граничниот премина Промахонас (Кулата) како и во внатрешноста; барање до надлежната Комисија на епидемиолози да ја разгледа можноста за забрана на панаѓури, се дел од одлуките, што ги соопшти портпаролот на грчката Влада, а биле донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со професорот епидемиолог надлежен за COVID-19и заменик-министерот за цивилна заштита, јави дописничата на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите објасни дека во периодот од 1 до 11 јули на влезните точки во земјата биле направени 67.797 тестови, од кои 218 (0,35 отсто) биле позитивни, но бројот на туристи заразени со COVID-19 бил четири пати поголем на Промахонас, отколку на пример, на атинскиот аеродром.

Со оглед на тоа дека од среда, на грчко- бугарската граница дозволен ќе биде влез само со потврда за негативен молекуларен тест, направен 72 часа пред патувањето, Пецас истакна дека потврдите детално ќе се проверуваат, а во случај на „неавтентичен, фалсификуван документ ќе се воведат предвидените санкции“.

Засилени контроли ќе има и на двата гранични премини со Албанија на лицата кои имаат право да влезат во Грција (сезонски работници, албански државјани со дозвола за престој во Грција и сл).

Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите соопшти дека од 22 јули 2020 година ќе започнат директните летови од Шведска, една седмица порано, како што и беше веќе најавено, почнуваат летовите од Велика Британија, а се разгледува можноста кон крајот на јули да се даде зелено светло за директни летови од САД, но со задолжителен негативен тест.

-Бидејќи камбаната на опасност не бие само за пристигнувањата од странство, туку и за појавите на опуштеност во внатрешноста, беше побарано од Комисијата на епидемиолози, на нивниот денешен состанок да разгледа итната забрана на панаѓурите и останатите настани со масовни собири, најмалку до крајот на јули, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада објасни дека од четвртокот до вчера, надлежните органи извршиле 590 контроли во цела Грција за почитување на здавствените протоколи и биле констатирани 63 случаи на прекршувања и изречени 87 казни во висина од 51.000 евра.

-Коронавирусот не си замина, туку е тука и се храни од неприфатливите појави на опуштеност, истакна Пецас.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе