Четворица доскорешни министри побарале апанажа, на еден веќе му е одобрена

Барање за апанажа до Собранието досега доставиле доскорешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, потоа министерка за образование Мила Царовска, како и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што информира собраниската прес-служба, Комисијата за прашања на изборите и именувања претходната недела го одобрила барањето за апанажа на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Тој, како што информираа од Собранието, има право на апанажа во траење од 9 месеци.

Деветмесечна апанажа му е одобрена и на поранешниот заменик-министер за култура од редовите на Беса, Седат Сулејмани, кој исто како и Хоџа поднесе оставка во ноември минатата година.

Според Законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, функционерите на кои им престанал мандатот имаат рок од 30 дена да се вратат на старите работни места или да побараат апанажа, која им следува во зависност од тоа колку време биле на функцијата, но не подолго од една година.

Ако мандатот на функционерот траел до 6 месеци, тој има право на апанажа од 3 месеци. За мандат од 6 до 12 месеци следува апанажа од половина година. Надоместокот е во траење од 9 месеци за мандат од 12 до 24 месеци, а за подолг мандат од две години следува апанажа од една година.

За време на остварувањето на ова право пратеникот, функционерот нема право на други примања и надоместоци на трошок, односно апанажата ќе биде прекината, ако во меѓувреме се вработи.

Надоместокот е во висина на платата што ексфункционерот ја добивал додека бил на функцијата.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица

Read more

Дел од Карпош денеска без вода

Read more

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Read more

Се зголемува цената на дизелот

Read more
 

Вести

Поранешниот пакистански премиер осуден на 14 години затвор

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Груби крадеше додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски, а обвинители и судии се бираа во Зајас и Струмица

Читај повеќе

Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани

Читај повеќе

Дел од Карпош денеска без вода

Читај повеќе

Експертите на Светскиот економски форум немаат добри вести за Европа во 2025 година

Читај повеќе

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Читај повеќе

ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт

Читај повеќе

Се зголемува цената на дизелот

Читај повеќе

Хамас се согласил на истиот договор како оној во мај 2023, пресудила една реченица

Читај повеќе