Четворица пациенти во Италија се веќе на нозе, критичен е пациент во Турција

Денеска од болница излегуваат десетмина пациенти што се лекуваат кај нас, соопшти утрово министерот за здравство Арбен Таравари. Си заминува дома еден повреден, кој беше сместен во болницата во Штип, еден од детска хирургија, тројца од торакална хирургија и уште петмина сместени во болниците „Аџибадем систина“ и „Жан Митрев“.

„Ме радува тоа што десетмина ќе продолжат дома по направените токсиколошки анализи. Ќе се вратат дома да продолжат со мирување еден период и да продолжат со својот живот“, рече министерот Таравари.

Тој и денес рече дека повеќе нема да се праќаат пациенти на лекување во странство оти состојбата на сместените кај нас, а генерално и на оние во странство, е стабилна. Веќе размислуваат за протоколи што ќе го пропишат начинот на кој треба повредените, кои се закрепнати, да се вратат од земјите во кои се испратени на лекување. Меѓу нив, министерот вели дека има пациенти што се во многу подобра состојба.

„Во Италија има четворица пациенти што се веќе на нога, значи можеби идната недела ќе зборуваме и за нивно враќање“, рече министерот Таравари.

Во странство во овој момент се лекуваат 115 пациенти. Таравари денес детално објаснуваше за нивната состојба, која, генерално, ја оцени како стабилна, со исклучок на еден пациент сместен во Турција.

„Од сите пациенти, освен еден во Турција, кој е во многу сериозна состојба, другите се во сериозна, но стабилна состојба“, рече министерот Таравари.

30 пациенти се во Србија, од нив двајца веќе се екстубирани. 15 пациенти се во Бугарија, од кои тројца се екстубирани и нивнтата сотојба е стабилна. Во Грција има 12 пациенти и за нив министерот рече дека двајца се критични, но стабилни.

Во Истанбул, Турција, шесттемина пациенти што се лекуваат се екстубирани, а симнати од машини за дишење беа и петмина повредени, кои се на лекување во Анкара.

Во Шпанија се седум пациенти, во Австрија пет, од кои двајца се префрлени на обичен оддел.

Во Унгарија се шестмина пациенти, од кои еден е фебрилен, еден со кашлица, а другите се во стабилна состојба.

Во Хрватска се петмина пациенти, еден е интубиран, стабилен, другите четворица се во сосема стабилна состојба.

Во Словенија се четворица пациенти, од кои тројца се во посериозна состојба.

Во Литванија има четворица пациенти, а едниот е екстубиран и веќе е во подобра состојба.

Во Белгија има четворица пациенти и сите се во стабилна состојба. И во Италија има четворица, кои се добра состојба, а четворица се и во Шведска, од кои двајца се во сосема стабилна состојба, и во Полска се двајца повредени, од кои само едниот е интубиран.

Пациентите што ќе се враќаат од странство ќе бидат прегледувани од домашни лекари, а потоа во зависност од состојбата, ќе бидат пуштани дома или, пак, ќе го продолжат лекувањето во домашните болници. Таравари вели дека следен предизвик со кој ќе се соочуваат во лекувањето на повредените во пожарот и кај нас и во странство се инфекциите поради што рече дека треба голема внимателност за да се спречат компликаци.

Рано утрово уште двајца пациенти повредени во пожарот пренесени на лекување во Шведска

Шведската Амбасада на својата Facebook страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска.

„Синоќа во 3:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени“, се вели во објавата на Амбасадата на Шведска.

Во Шведска во моментов се наоѓаат четворица повредени во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

Уште двајца наши сограѓани повредени во пожарот во Кочани од денеска го продолжуваат лекувањето во Универзитетската...

Posted by Embassy of the Republic of North Macedonia in Sweden on Friday, March 21, 2025
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Македонија

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Read more

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Read more

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Read more

Променливо време и температури до 14°C

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе