Хроника

Четворица повредени во сообраќајка на бул. „Борис Трајковски“

26. мај 2019 - 23:24 | МИА

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во која се судрија „бмв 320 ци“ и „фолксватен пасат“- такси возило.

Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека ноќеска во 01,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “бмв 320 ци“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(38) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки (такси возило), управувано од Г.П. (48) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот Г.П. и патниците од истото возило Д.А. (18) и уште едно лице на возраст од 14 години кои со  возило  на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Возачот Ј.П. се здобил со повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коментирај