Свет

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

20. април 2019 - 14:16 | МИА

Анкара, 20 април 2019 (МИА) – Четворица турски војници загинаа во судири меѓу припадници на Вооружените сили на Турција и борци на Курдската работничка партија (ПКК) во провинцијата Хаќари во близина на турската граница со Ирак.

Како што соопшти денеска турското Министерство за одбрана, до судирите дошло кога припадниците на ПКК нападнале база на Армијата на Турција.

Во соопштението се посочува дека при борбите биле повредени шестмина турски војници, но не се наведени податоци за жртви меѓу борците на ПКК.

ПКК од 80-те години на минатиот век се бори за автономија на регионите во Турција во кои мнозинството од жителите се Курди. ПКК е на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Коментирај