Четврти конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишаа четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година.

На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи, ракописи, наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „Word“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.

Конкурсот ќе биде отворен до први септември 2022 година.

Како што соопштија од издавачката куќа, ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на оваа година.

Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ соопшти дека може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Ракописите ги оценуваше жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски од Катедра за општа и компаративна книжевност при ФЛФ „Блаже Конески“ во Скопје, Фросина Пармаковска, писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година беа разгледувани и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска.

Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. 

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе