Chevrolet Colorado ZH2 - екстремен теренец за американската војска на погон со водород

Војската на САД сака да види како би се однесувале возилата кои користат водородни келии во воени услови, па General Motors разви специјален концепт Chevrolet Colorado ZH2.

Станува збор за камионет кој нема мотор со внатрешно согорување туку место него користи водородни келии, а тестирањето ќе почне следната година.

GM соработуваше со американската војска во развојот на моделот, а оваа опасна машина уште сега изгледа подготвена за борба. Базиран е на продолжената верзија на платформата на Colorado, а благодарение на подобрената амортизација сега има подобри перформанси за совладување на потежок терен. Исто така во справувањето со нерамнините помагаат и големите 37 инчни тркала.



Интересен дел од проектот е Exportable Power Take-Off системот што им овозможува на војниците да ги користат водородните келии за добивање струја на места каде што нема електрична мрежа.



Војската следната година ќе го тестира автомобилот и ќе процени дали има предност од користењето возила со ваков мотор.



Една голема предност е што ваквите возила се исклучително тивки и можат да бидат практични при извидувачки мисии. Предност е и тоа што електричните мотори имаат голем вртежен момент, па се одлични за тешки терени.



Овој концепт може и да ја задржува пареата со чија помош војниците ќе имаат вода додека се во мисиите.



GM работи и на подводен дрон кој исто така ќе има водородни келии, а веќе се почнати тестовите во базен.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе