Chevrolet Corvette E-Ray доаѓа со електрифицирани 665 КС

Chevrolet Corvette E-Ray (2024) дебитираше како прв електрифициран модел на легендарниот спортски автомобил.

Corvette E-Ray е придвижуван од 6,2-литарски V8 мотор поврзан со електричен мотор, а овој хибриден погон испорачува вкупно 665 КС. Од Chevrolet тврдат дека E-Ray забрзува од 0 до 100 км/ч за нешто повеќе од 2,5 секунди, што ја прави најбрзата сериска корвета во историјата. Овој автомобил поминува 402 метри за 10,5 секунди.

На предната оска, E-Ray има електричен мотор кој испорачува 160 КС и 165 Nm вртежен момент, додека системот се напојува од литиум-јонска батерија од 1,9 kWh. Во режимот Stealth, хибридниот модел Corvette може да помине до 72 километра без да го користи својот V8 мотор. Овој режим се користи за ситуации како излегување од маало.

Што се однесува до моторот со внатрешно согорување, тоа е познатиот LT2 6,2-литарски V8 од Stingray. Овој мотор развива 495 КС и вртежен момент од 637 Nm, а E-Ray има и нова лесна литиум-јонска батерија од 12 волти која го напојува системот за запирање-поаѓање на SUS моторот.

Покрај тоа, E-Ray е опремен со специјалниот систем за суспензија The Magnetic Ride 4.0 кој е стандарден, а стандардни се и карбон-керамичките сопирачки Brembo. Corvette користи гуми Michelin Pilot Sport за сите сезони и тркала од 20 и 21 инчи. Како опција се достапни летните гуми Michelin Pilot Sport 4S.

Кога станува збор за дизајнот, моделот E-Ray е 9,14 сантиметри поширок од стандардниот Stingray. Доби поинаква предна табла со поистакнати хоризонтални елементи, додека одзади нови отвори се интегрирани во браникот.

Remote video URL

Купувачите ќе можат да бираат од 14 бои на каросеријата, вклучувајќи Riptide сина, Seawolf сива и Cacti боја. Carbon Flash ознаките се стандардни, а купувачите ќе можат опционално да добијат и други карбонски каросериски додатоци. Исто така, E-Ray ќе биде достапен со екслузивна линија преку каросеријата во Electric сина боја, додека опција ќе бидат и црните завршетоци на издувните цевки и светлите ознаки. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу 4 дизајни на алуминиумските бандажи, а во понудата ќе биде и карбонска верзија.

Сите примероци од новата корвета ќе имаат подобрена технологија за помош на возачот, која вклучува помош во држењето на возилото на коловозот, како и предупредување за напуштање на обележаниот коловоз, предупредување за судир, автоматско кочење во итни случаи и друго.

Продажбата ќе започне нешто подоцна годинава, точниот датум не е одреден, но се очекува тоа да биде во вториот дел од годината.

Што се однесува на цената, 1LZ купе ќе чини 104.295 долари, додека 1LZ кабриолет 111.295 долари. Две цени се без вклучен данок.

Remote video URL
Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Авто новости

Се гради друмско чудовиште побрзо од модерната Формула 1

Read more

Porsche наводно тестира хибриден V4 на моделот 911

Read more

Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?

Read more

Volkswagen наместо откази дели решенија за предвремена пензија

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Се гради друмско чудовиште побрзо од модерната Формула 1

Читај повеќе

Porsche наводно тестира хибриден V4 на моделот 911

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?

Читај повеќе

Volkswagen наместо откази дели решенија за предвремена пензија

Читај повеќе

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mercedes има ново спортско купе: Дебитираше CLE 53

Читај повеќе

Dacia Duster не се откажува од моторите со внатрешно согорување

Читај повеќе

Првиот електричен автомобил на Xiaomi влезе во производство

Читај повеќе
  • play_arrow

Жената без која Mercedes каков што го знаеме немаше да постои

Читај повеќе