Chevrolet направил електричен Corvette 20 години пред Tesla

Американската компанија направи електричен автомобил 20 години пред тоа да го стори Tesla.

Chevrolet потврди дека во одреден момент ќе претстави електрична верзија на познатата Corvette (Chevrolet Corvette). Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, овој електричен спортски автомобил нема да биде првиот од ваков вид.

Всушност, првата електрична Corvette ја направи Motorola во 90-тите години на минатиот век во Илиноис, а таа американска компанија ја модифицираше четвртата генерација на овој спортски автомобил со V8 мотор за да може да работи на струја.

Во време кога електричните автомобили беа далеку од реалноста, Motorola направи прототип на електричен автомобил кој денес лесно може да се натпреварува со спортските автомобили на бензин. Што е уште поинтересно, на интернет речиси и да нема информации за овој електричен автомобил.

Тоа е навистина импресивен проект кој живеел во аналогната ера, а завршил пред интернетот да успее да се вкорени и да го направи бесмртен за целиот свет.

Освен голем куп хартии кои вклучуваат шеми и бројни пресметки, многу малку се знае за ова возило. Посебно интересен детал се табличките на автомобилот со ознаката EL (електрично возило), што во еден момент беше задолжителна ознака за електричните автомобили во Илиноис, но во времето кога беше создаден овој Corvette - малкумина би го сфатиле неговото значење.

Motorola Electric Corvette е речиси идентична со оригиналниот фабрички модел однадвор, додека внатрешноста е значително различна. Под хаубата има кутии кои зафаќаат простор кој инаку би бил пополнет со V8 мотор. Некои од нив се означени со етикети за висок напон, и содржат батерии кои го напојуваат автомобилот. Батериите се наоѓаат и во багажникот и другите делови на автомобилот, а се верува дека тоа е така затоа што инженерите сакале да го спуштат центарот на гравитација на автомобилот.

Иако автомобилот моментално не е во возна состојба, се претпоставува дека бил многу брз бидејќи некои документи откриваат дека неговата моќност била 428 КС.

Моторола направи сѐ за да го задржи целиот проект обвиен во тајност, дури и забрани инженерите да работат на батерии на автомобили кога гости се во нивните простории или во близина, но како и со многу работи во технолошкиот свет, информациите го наоѓаат својот пат до јавноста...

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Концепти

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more

Тркала што се вртат за 90 степени: Дали новата технологија ќе ви користи?

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе