Чиамба: Одлуката за Северна Македонија е донесена едногласно

Брисел, 19 јуни 2019 (МИА) – Романското претседателство реагираше на шпекулациите кои се раширија во медиумите дека седум земји вчера на Советот за општи работи биле „против“ преговорите со Северна Македонија. Информациите се демантирани и на вебсајтот на министерството за надворешни работи на Луксембург, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министерот за надворешни работи на Романија и претседавач на вчерашниот состанок, Џорџе Чиамба, во писмена изјава за МИА потсетува дека компромисот постигнат вчера да се одложи одлуката за старт на преговори е резултат на консензус меѓу земјите членки, како што предвидува праксата во Советот.

„Договорот постигнат преку консензус вчера на ниво на земјите членки на Советот за општи работи претставува резултат на интензивна работа и комплексен преговарачки процес и испраќа позитивна порака. Ние не можеме да коментираме шпекулации и потсетуваме дека заклучоците беа усвоени едногласно“, стои во реакцијата на министерот до МИА.

Од Советот на ЕУ за МИА прецизираат дека вчера на состанокот немало никакво гласање, туку, како што е секогаш случај, по интензивни преговори, министрите успеале да изнајдат заеднички став помеѓу земјите кои се залагаат за побрзо отворање на преговорите со Северна Македонија и оние кои имаат внатрешни процедурални пречки како Германија или кои имаат резерви кон проширувањето генерално, како Франција.

„Она за што се дискутираше вчера беше речникот кој ќе се употреби во заклучоците, не се носеше одлука за преговорите со Северна Македонија, така што не може ниту една земја да била за или против“, вели висок дипломатски извор во Советот на ЕУ за МИА.

Земјите членки вчера не можеле да одлучуваат за датум за преговори поради Германија која јасно ставила на знаење дека од правни причини не смее да ја става на ред таа дискусија додека не донесе Бундестагот одлука.

„Германија ни појасни дека не можат да разговараат за отворањето преговори затоа што нема мандат за таква дискусија од парламентот, така што оваа информација дека некои земји биле за или против е целосно лажна вест“, велат од Советот на ЕУ и додаваат дека не бил изразен негативен став за преговорите со Северна Македонија, туку дека “познатите земји“ со „најголем отпор кон проширувањето“ ги повториле своите позиции.

Во прилог на тоа дека информациите содржани во твитот, кој потоа се рашири во медиумите, не се точни говори и веб страницата на Министерството за надворешни работи на Луксембург, кое уште вчера објави дека поддржува отворање преговори со Северна Македонија.

„Министерот Аселборн истакна дека за Северна Македонија Советот мора да даде позитивен одговор, со оглед, меѓу другото, на историскиот договор за името и напредокот на земјата која е кандидат од 2005-та. Иако продлабочувањето на ЕУ е важно, исто толку е важно и да се зацврсти позитивната динамика“, изјавил вчера на состанокот луксембуршкиот министер за надворешни работи, Жан Аселборн.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Read more
 

Вести

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе