Здравје

Чистењето го смалува ризикот од прерана смрт

23. септември 2017 - 11:07 | К.З.

Бришењето на подот, чистењето со правосмукалка и средувањето на кујната влијае на должината на вашиот живот, тврди новото истражување.

Во извештајот од истражувањето кое го спроведе Универзитетот „McMaster“ од Канада наведено е дека чистењето на куќата петпати неделно, и тоа само половина час од денот, го смалува ризикот од прерана смрт за 28% и ризикот од срцеви заболувања за 20%.

Што повеќе работите во вашиот дом, тоа е подобро за вашето здравје. Доколку сте активни 750 минути неделно, го смалувате ризикот од прерана смрт за 40%.

Луѓето од универзитетот се надеваат дека нивното истражување ќе ги поттикне сите оние кои ќе го прочитаат да се активираат и да почнат да работат дома, а не во теретана.

Во истражувањето учествуваа 130.000 луѓе, кои беа испитувани повеќе од 7 години. Учесниците се на возраст од 30 до 40 години и живеат во 17 различни земји.

Истражувачите советуваат дека доколку не сакате, или не можете да работите во својот дом, сепак да се активирате и да одите пеш до работа или да зачестите со прошетките.

Коментирај