„Читањето е супермоќ“ – онлајн кампања на „Арс Ламина“

Под мотото „Читањето е супермоќ“, издавачката куќа „Арс Ламина“ втора година по ред организира кампањата за поттикнување читачки навики кај децата. Годинава кампањата ќе се одвива онлајн преку социјалните мрежи на „Литература.мк“, а ќе биде организиран и фото-конкурс.

Издавачката куќа соопшти дека идејата е да се зголеми читачката култура кај најмладите, затоа што, како што дополнува, дете кое чита е возрасен кој размислува.

– Онлајн кампањата има за цел да ја поттикне љубовта кон книгите, да се создадат идни читатели и да се инспирира корисно и паметно поминато време во текот на летниот распуст. Во рамки на онлајн кампањата „Читањето е супермоќ“, која ќе се одвива преку социјалните мрежи на „Литература.мк“, ќе биде организиран фото-конкурс, соопшти „Арс Ламина“.

Оттаму посочуваат дека во предизвикот учесниците ќе треба да објават фотографија со некоја од книгите за деца од „Арс Ламина“ достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk, и да напишат свое објаснување зошто читањето е супермоќ (означено со хаштазите: #ЧитањетоЕсупермоќ, #Либи, #АрсЛамина, #Литературамк).

Кампањата ќе ја поддржат јавни личности од најразлични области, влијателни лица од социјалните мрежи и претставници на сите нивоа на образование.

– Преку својот импринт „Либи“, „Арс Ламина“ досега има објавено 45 лектири и читанки, кои се разликуваат од сите претходни лектирни изданија на пазарот, пред сѐ, по тоа што се лесно читливи за учениците, вклучително за децата со дислексија. Книгите од едицијата „Лесно читливи лектири“ се изработени според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час, се наведува во соопштението на „Арс Ламина“. 

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Три работи за кои не треба да размислувате во креветот

Read more

Зошто зажалив што ја изгледав цела сезона на „Emily in Paris“?

Read more

Книги

Нобел за литература доби поетеса која пишуваше за нејзините трауми

Read more

Избрани победниците на конкурсот за најдобар необјавен роман „ПЕГАЗ“

Read more

Направете сами: Креативна полица за книги

Read more

Промоција на првиот квир роман „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски

Read more

Магазин

Карактерни особини на Скорпиите: Тешко вам ако им згрешите

Читај повеќе

Три работи за кои не треба да размислувате во креветот

Читај повеќе

Што се случува во телото кога ќе внесете премногу витамин Ц?

Читај повеќе
  • play_arrow

Репортер ограбен во програма во живо

Читај повеќе

Американците го одобрија првиот лек за COVID-19

Читај повеќе

Ирина Шајк позираше гола за Vogue

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијани руски војници, бетонски ѕид и оклопно возило

Читај повеќе

КЕТО - нов тренд за здраво слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Флексибилност и рамнотежа: Пилатес вежби за секој ден

Читај повеќе