Членките на НАТО се согласија за мерки против Русија ако пропадне нуклеарниот договор

Брисел, 26 јуни 2019 (МИА) – Земјите членки на НАТО се договорија дека доколку Русија до 2 август не се усогласи со нуклеарниот Договор за ракети од среден дострел, како одговор ќе бидат преземени низа политички и воени мерки против Москва, соопшти вечерва генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, по првиот ден на министерскиот состанок за одбрана на Алијансата, Столтенберг нагласи дека станува збор за мерки чија цел е да обезбедат ефикасна нуклеарна одбрана на земјите сојузнички, како воени вежби, воздушна и ракетна одбрана или пак разузнавачки активности.

– Нема да ја имитираме Русија, не сакаме нова трка во вооружување, но мораме да задржиме кредибилни одвраќање и одбрана и затоа ги разгледуваме можните мерки, изјави Столтенберг, нагласувајќи сепак дека одговорот на Алијансата ќе остане умерен и дефанзивен и дека НАТО нема намера да распоредува копнени ракети.

Русија, која заедно со САД е потписник на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел од 1987 година, со години е обвинувана од западните земји дека постојано го прекршува договореното и развива проектили забранети со оваа спогодба. Во февруари годинава, САД најавија дека ќе се повлечат од Договорот до 2 август, доколку Русија не престане да го прекршува.

Сите земји членки на НАТО се согласни дека САД се во право во својата одлука и утврдиле, преку индивидуални независни истраги, дека Русија развива забранети проектили како што е ССЦ8.

НАТО се надева дека Москва ќе се одлучи на „вистинскиот“ чекор и дека до 2 август ќе почне повторно да ги почитува одредбите од спогодбата, иако, според генералниот секретар, сѐ укажува на тоа оти Русија нема намера да го стори тоа. – Напротив, Русија продолжува да ги распоредува забранетите проектили, а НАТО се подготвува да живее во свет без овој нуклеарен договор, рече Столтенберг.

– Ако не се усогласат до 2 август тие ќе треба целосно да ја преземат одговорноста затоа што ние покажавме трпение со години, пред години го отворивме ова прашање, но во даден момент мора да ставиме на знаење дека контролата на оружјето не функционира ако се почитува само од една страна. Ова е екстремно сериозно, истакна Столтенберг и потсети дека оружјето кое го развива и распоредува Русија се проектили кои можат да носат нуклеарни боеви глави, да се активираат во многу кус рок и се многу тешки за детектирање, со што се намалува прагот на употреба на нуклеарното оружје во конфликтите.

НАТО и Русија треба да одржат состанок во рамките на Советот НАТО-Русија на 5 јули, тело кое е замрзнато неколку години поради конфликтот во Украина. На овој состанок двете страни треба да разговараат за нуклеарниот договор, но за сега Москва не го потврдила своето учество.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе