по изјавата дека партијата се стреми да биде власт

Членови на ЛДП ја споредија претседателката Зајкова со Амди Бајрам

Не стивнуваат поделбите во Либерално-демократската партија (ЛДП). Иницијативниот партиски одбор, кој бара смена на претседателката Моника Зајкова, реагира на нејзината изјава дека ЛДП се стреми да биде власт, а не кокета.

Од иницијативниот одбор на ЛДП нејзините изјави ги оценија како небулозни коментирајќи дека непринципиелната политика на раководството на ЛДП и Моника Зајкова оди до таму што, наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните, единствено со што се занимаваат е остварување на желбите и интересите на раководството на ЛДП.

„Изборната волја на граѓаните беше јасно кажана на последните избори на кои Зајкова како коносител на листа доби црвен картон од граѓаните за нејзините погрешни политики. И наместо да понесе одговорност за изборниот пораз, таа без срам објавува желби да била дел од власта. Дволичната политика на раководството е веќе осудена од членството и од широката јавност. Очигледно на политичката сцена се најде достојна замена за Амди Бајрам и неговата парола ‘Кој е на власт, ја сум со вас’“, велат од иницијативниот одбор на ЛДП.

Оттука, бараат раководството на ЛДП да престане со додворување на власта и да ја прифати опозициската улога што им ја доверија граѓаните.

Зајкова, вчера, во интервју во дневникот на МТВ изјави дека ЛДП во парламентот дејствува независно и дејствувала независно и во минатиот парламентарен состав бранејќи ја својата либерално-демократска политика, но и идеја.

„ЛДП не кокетира со власта како и секоја политичка партија, ЛДП се стреми да биде власт, а не да биде кокета“, изјави Зајкова.

Иницијативниот одбор за себе вели дека претставува големо мнозинство од две третини од општинските организации и бара смена на претседателката. Зајкова, пак, тврди дека се работи за политички непознати поединци разочарани дека ги губат државните привилегии, кои немаат никакво мнозинство во партијата.

ЛДП на последните парламентарни избори настапи во коалиција со СДСМ.

реклама

Хајди Клум ги прекрши сите правила на Канскиот филмски фестивал

Read more

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

Македонија

Таравари официјално поднесе оставка

Read more

Од полноќ нова цена на дизелот

Read more

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Read more

МВР апелира: На матурска прослава без автомобил, без консумирање алкохол

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Да не остане покусо од Путин: И Зеленски праќа делегација на преговорите

Читај повеќе

Таравари официјално поднесе оставка

Читај повеќе

Избрани драмски текстови за пичинг-форумот „Драмолетање“

Читај повеќе
  • filter

Како поминавме на промоцијата на DYSTOKYO во Скопје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма над Балтикот: Блиска средба на руски и НАТО авиони поради танкер

Читај повеќе

Од полноќ нова цена на дизелот

Читај повеќе

ЕУ со нов данок сака да го отплати долгот од пандемијата

Читај повеќе

За 2025 година Владата утврди квота од 10.000 работни дозволи за странци

Читај повеќе

Трамп објави: Непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени

Читај повеќе