Рецепти

Чоколадна бајадера со сусам

3. декември 2018 - 11:39 | МИА

За подготовка на овој вкусен десерт, потребно ќе ви биде:

За првиот слој:
200 гр шеќер
150 мл вода
125 гр маргарин
100 гр печен сусам
200 гр мелени бисквити
1 лажица мед

За вториот слој:
100 гр чоколадо
3 лажици масло

За третиот слој:
200 гр шеќер
100 мл вода
125 гр маргарин
200 гр печен мелен сусам
200 гр мелени бисквити

За глазурата:
100 гр чоколадо
3 лажици масло

Подготовка:
– Ставете го сусамот во еден сув сад на рингла и тивко, со постојано мешање, тостирајте го додека да добие светло жолта боја. Оставете го да се излади.

– Од изладениот сусам земете 200 гр и сомелете ги, а 100 гр оставете несомелено.

– Во сув сад на рингла ставете 200 гр шеќер и оставете да се растопи до светло кафена боја. Додадете 150 мл вода и варете на тивко додека да се растопи. Сега додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот на страна и додадете 1 лажица мед, 100 гр печен сусам и 200 гр мелени бисквити.

– Топлата смеса ставете ја во калап (27х19 см) и убаво израмнете ја.

– Преминете на подготовка на вториот слој. Растопете го чоколадото со 3 лажици масло и оваа смеса прелијте ја над слојот во калапот. Оставете да се излади.

– Сега во друг сад на рингла ставете 200 гр шеќер, 100 мл вода и варете додека да се растопи шеќерот. Додадете 125 гр маргарин и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот од рингла и додадете 200 гр мелен сусам и 200 гр мелени бисквити. Убаво измешајте и оставете малку да се излади. Потоа ставете во калапот и израмнете.

– На крај истопете 100 гр чоколадо со три лажици масло и со ова прелијте го колачот. Одозгора може да украсите по желба.

Коментирај