Рецепти
За љубителите на јаткасти плодови

Чоколадни коцки со бадеми

11. декември 2019 - 15:43 | М.С.

Мирисен и вкусен десерт за вистинските љубители на комбинацијата со чоколада и јаткасти плодови.

Доколку сакате да екпериментирате, може да додадете рогач во прав, сецкано сушено овошје, јаболка.

Состојки:

200 гр. путер

200 гр. шеќер во прав

1 лажичка прашок за пециво

3 лажици какао

200 гр. брашно

3 јајца

100 гр. сецкани бадем

150 гр. чоколада

Глазура

100 гр. путер

100 гр. шеќер во прав

150 гр. чоколада

4 лажици. млеко

50 гр. сецкани бадеми

Начин на подготовка:

Изматете го путерот со шеќер и направете пенлива смеса. Измешајте го брашното со прашок за пециво, па додадете го и путерот.

Додајте го какаото измешано со малку врела вода, па потоа и јајцата. Кога смесата ќе се изедначи, додајте ги бадемите и искршената чоколада. Измешајте ги и печете во тава со димензии 20 x 32 цм, околу 20 минути на 200 степени.

Глазура:

На пареа истопете путер, шеќер, чоколада и млеко. Мешајте додека смесата се изедначи.

Прелијте преку топлиот колач и наросете со сецканите бадеми.

Коментирај