Десертот во форма на шишарки минатата година ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а бидејќи се ближат новогодишните празници, ви предлагаме да го пробате. Можете да го направите со јаткасти плодови или бисквити.
Првата верзија на овој интересен десерт ја најдовме на Instagram профилот на фудблогерката Бојана Димитријевиќ, а наместо јаткасти плодови можете да користите и мелени бисквити.
Потребни состојки:
- 150 гр мелени бадеми
- 150 гр мелени лешници
- 100 гр млечно чоколадо
- 2 лажици чоколаден намаз
- 1 лажица сечкани бадеми
- 50 гр путер
- 200 гр чоколадни снегулки
Подготовка:
Растопете ги путерот и млечното чоколадо и соединете ги со останатите состојки. Оставете ја смесата да се излади, а потоа поделете ја на еднакви топчиња и обликувајте ги во конуси. Наредете ги чоколадните снегулки во круг кон врвот и оставете ги да се стегнат околу половина час. Можете да ги посипите со шеќер во прав и веднаш да ги послужите.
На Instagram профилот на блогерката за храна Марија Мазалин најдовме друга верзија.
Потребни состојки:
- 400 гр чоколаден бисквит
- 120 мл млеко
- 100 гр темно чоколадо за готвење
- 50 мл слатка павлака за шлаг
- чоколадни снегулки
Подготовка:
Прво издробете го бисквитот и додадете го млекото. Мешајте додека не добиете компактна смеса, а по потреба додадете уште малку млеко. Смесата поделете ја на пет или шест еднакви делови и формирајте шишарки.
Загрејте ја слатката павлака и измешајте ги парчињата темно чоколадо да се растопат. Намачкајте ги обликуваните шишарки и наредете ги чоколадните снегулки. На крај посипете со шеќер во прав.