Оваа посна и густа чорба од печурки лесно се прави и има многу богат вкус.

Печурките се богат извор на влакна, антиоксиданси и протеини. Покрај тоа, содржат малку калории. Богати се со витамини Б и Д, а содржат и железо, калциум и калиум.
Потребни состојки:
- 460 гр печурки (вид по избор)
- 1 лажица масло
- 1 поголем кромид
- 8 чешниња лук
- 2 лажици растителен маргарин
- сол
- бибер
- 120 мл суво бело вино
- 1 гранче рузмарин
- 2 гранчиња мајчина душица
- 2 листа ловор
- 720 мл зеленчуков булјон
- 70 гр ореви
- ¼ лажичка сенф
- грст свеж власец
- маслиново масло
Подготовка:
Прво исецкајте ги печурките. Потоа загрејте го маслото на силен оган и додадете го ситно исечканиот кромид со прстофат сол. Пржете 4 до 5 минути или додека не почне да омекнува. Додадете го ситно исечканиот лук и пржете уште 1 до 2 минути.
Додадете го путерот во тавата и кога ќе се растопи додадете ги печурките и пржете околу 5 минути, додека не омекнат. Зачинете со сол и бибер на крајот. Истурете го белото вино и варете 3 до 4 минути или додека не исчезне мирисот на алкохол и испари дел од течноста. Потоа истурете го зеленчуковиот булјон, билките рузмарин, мајчина душица и ловор и оставете да зоврие. Покријте, намалете ја топлината и варете 15 минути.
Отстранете околу 600 гр од течноста, вклучително и некои од печурките, но оставете ги билките. Префрлете го она што го извадиувте во блендер и додадете ги оревите. Блендирајте додека не се изедначи. Измешајте ја блендираната течност назад во тенџерето. Оставете да зоврие и варете 5 до 10 минути, додека не се згусне.
Зачинете со сол и бибер и додадете малку сенф, а отстранете ги зачинските билки. Послужете со сечкан власец и малку маслиново масло.