Тенис

Чориќ го изненади Федерер за прво финале на Мастерс турнирите

13. октомври 2018 - 16:22 | МИА

Шангај, 13 октомври 2018 (МИА) - Хрватскиот тенисер Борна Чориќ за прв пат ќе игра во финале на еден Мастерс турнир, откако денеска во Шангај го изненади Швајцарецот Федерер Роџер Федерер со 2-0.

Двата сета Чориќ ги доби со по 6:4.

Ова е втора победа по ред за Чориќ во дуелите со Федерер кој го бранеше трофејот во кинески Шангај.

Противник на Хрватрот во големото финале ќе биде Србинот Новак Ѓоковиќ, кој нешто порано денеска победи во дуелот со Александер Зверев.

Досега, Ѓоковиќ и Черих играа двапати, и во двата наврати славеше Србинот, оваа година во Монте Карло и минатата година во Мадрид.

Финалето во Шангај е утре со почеток во 10:30 часот.

Коментирај