Чорлука: И ден-денес сум лут на лекарите поради капчето

Асистент селекторот на хрватската репрезентација Ведран Чорлука најави проба против Чешка, која Хрватска ќе ја игра на Европското првенство во петок.

Чорлука неодамна се пензионираше и сега игра нова улога, а Чешка е ривал на Хрватите од ЕУРО 2016, што тој и сите навивачи на репрезентацијата кои го гледаа како игра фудбал со ватерполо капа на главата, многу добро го паметат.

„И ден-денес мислам дека лекарите сакаа да ме исмеваат со тоа ватерполо капче и сè уште сум им малку лут за тоа. Но, поради капчето влегов во музејот на УЕФА, така што е барем позитивно. А дека изгледав убаво – не изгледав“.

За потсетување, капчето што го носеше од медицински причини, беше коментирано од поодамна од страна на д-р Борис Немец, доктор со најдолг стаж на хрватската фудбалска репрезентација кој се збогуваше со таа позиција во 2019 година.

„Чорлука претрпе повреда, расекотина на незгодно место на главата и не постои начин како да го запрете крварењето. На пример, на чело ќе ставите фластер, завој и го затегнувате. Сепак, повредата беше на скалпот на темето. Така, завојот што му го ставивме ќе се поместуваше при секој удар со глава. Му го зашивме на полувреме, но тој повторно ја погоди топката и почна да крвари. Потоа мораше да се одмори, но не можеше како стожерен играч. Тогаш помисливме дека му треба капа, а Ндерим Реџај се сети: ‘А да му ставиме ватерполо капче?’ Јас реков дека е одлична идеја и му се јавив на Матеш да го прашам дали може да испрати капче“, се присети Немец, па додаде:

„Но, кога му го дадовме на Чорлука, тој нè избрка: ‘Сите ќе ми се смеат!’“ Тогаш мојот колега Бахтијаревиќ рече: ‘Ќе бидеш главен, Чарли, ќе биде штос.’ Му го врза капчето и сите почнаа да се смеат. Но, го стави на натпреварот и стана хит“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе