Човечките раси се мит: Откриено зошто се разликуваат боите на кожата

Ако го земеме во предвид фактот дека современиот човек потекнува од Африка и дека денешните Африканци имаат темна кожа, тогаш може да се верува дека темната кожа е најстара. Меѓутоа, ново истражување покажува дека тоа е многу поразлично.

Билошки гледано, раса не постои. Станува збор за општествен конструкт, со сите предрасуди кои се проследени со него. Разликата во бојата на кожата е резултат на различната наследна изложеност на сончева светлина, пренесува Independent.

Новото истражување внесе уште поголема забуна.

Човекот потекнува од Африка, но изненадувачки е колку малку знаеме за различните тонови на бојата на кожата кои кај луѓето во континуитет можат да се пронајдат.

„Кога луѓето размислуваат или зборуваат за Африканците, веднаш  помислуваат на темна боја на кожата. Всушност, ширум Африка има голема варијација на нијанси, кога е бојата на кожата во прашање, од светла, како Азијците, до најтемна“, објаснува генетичар од Универзитетот Пенсилванија, Сара Тишкоф.

Резултатите од истражувањето, кое Тишков го спровела заедно со својот тим, покажале дека генетската поврзаност во случај на потемна, но и на посветла боја на кожата, потекнува од Африка.

Тие проучувале 1.570 доброволци од 10 етнички групи во Етиопија, Танзанија и Боцвани, мерејќи ја количината на темниот пигмент меланин во нивната кожа.

Успеале да откријат осум делови на геном поврзани со пигментација, кои објаснуваат 30 отсто од варијациите. Во секој од осумте делови постоела по една варијанта одговорна за посветла, односно потемна боја на кожата.

Она што било изненадувачки за сите, е тоа што еден ген на Европејците бил вообичаен и кај Африканците.

Иако го поседуваат овој ген Африканците немаат бела кожа, а како објаснување се наведува постоењето на неколку други гени кои ја обликуваат нивната боја на кожата.

Најстарите откриени варијанти се одговорни за светла боја на кожата.

„Многу варијанти на гени кои создаваат светла кожа во Европа имаат потекло од Африка“, истакнува Тишков.

„Ако избричите шимпанзо, ќе сфатите дека под неговото крзно има светла кожа. Така логично е дека бојата на нашите предци била релативно светла. Возможно е нашите предци, кога го изгубиле крзното кое го прекривало нивното тело и емигрирале од шумите, да имале потреба и корист од потемната боја. Мутациите кои влијаат на бојата на кожата продолжиле да се развиваат дури и во последните неколку илјади години“, заклучува Тишков.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе