Човечките тела се ладат: Просечната температура не е 37 степени

Сите знаат дека просечната телесна температура е 37 степени Целзиусови, но тоа сега е променето. Просечната телесна температура е опадната во последните 150 години, покажува нова студија.

Резултатите покажуваат дека денешните современи мажи имаат телесна температура пониска за 0,58 степени за разлика од мажите од 19 век, додека жените имаат пониска температура за 0,32 степени Целзиусови.

 „Лекарите кои со децении ја проучуваат телесната температура знаеле дека 37 степени Целзиусови е превисока телесна температура“, вели докторката Џули Парсонет од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Таа додава дека докторите отсекогаш мислеле дека е тоа грешка во минатото, а не затоа што температурата всушност е падната.

За да откријат што навистина се случило Парсонет и нејзиниот тим комбинирале три вида податоци. Анализирале вкупно 677.423 мерења на температури. Во просек, телесната температура опаѓала за 0,03 степени Целзиусови по деценија.

Мажите родени на почетокот на 19 век имале телесни температури за 0,58 степени Целзиусови повисоки од мажите денес. Податоците за жените не одат далеку наназад, но нивната телесна температура е падната за 0,32 степени Целзиусови од 1890 година.

Тоа значи дека просечната температура денес е околу 36,6 степени Целзиусови, а не 37 степени Целзиусови како што се мислеше.

Според научниците, придонес за намалувањето на телесната температура има напредната медицина, подобрата хигиена, начинот на исхрана и подобрените стандарди за живеење.

„Кај луѓето се променети висината, тежината и телесната температура. Не знаеме точно што значи тоа во однос на нашето здравје, но тоа нешто ни укажува. Податоците кажуваат дека се менуваме и дека тоа што го имаме направено во последните 150 години нè има сменето како никогаш претходно, вели Паросент.

Студијата е објавена во списанието eLife.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе