Човекот кој ги измисли Copy и Paste

Лари Теслер, Американец роден 1945 година во Бронкс, Њујорк, е изумителот на две меѓу најдобрите функциии за компјутерите, телефоните и други мобилни уреди кои ги користиме денес.



Како компјутерски научник, работел на опциите за интеракција помеѓу човекот и компјутерите за време на целата негова кариера, која трае и денес, кога Лари има 71 година. Кариерата ја градел во компании како Apple, Herox, Amazon и Yahoo.

Неговото силно влијание не се однесувало толку на пронаоѓањето на нови начини на комуникација помеѓу луѓето и машините, колку што било во прилагодувањето на постоечките интерфејси кон нови можности. Со помош на неговиот Gypsy Editor (текст процесор) проект, развиен е и унапреден Click and Type интерфејс кој овозможува да се внесе текст на одреден дел од програма или документ или да се позиционира курсосот од глувчето.

Но, освен за силното влијание кое го оставил во ИТ светот за време на развојот на Click and Type интерфејсот, на Лари Теслер можеме да му заблагодариме и за Copy и Paste функциите, кои се развиени и успешно имплементирани во Gypsy Editor за време на периодот помеѓу 1973 и 1976 година. Во тоа време, Лари заедно со Тим Моти работел во Xerox PARC во нејзиниот развоен центар во Пало Алто.

Функцијата Copy/Paste е создадена од Cut/Paste комбинацијата, која и претходела, а подоцна се задржани сите три за лесно сецкање, копирање и лепење на текст и други содржини во зависност од интерфејсот, односно програмата во која се користат. Во годините потоа, овие функции добиле и свои картенки на тастатурата.

Apple бил клучен играч во оваа приказна, бидејќи опциите широко ги популаризирал на своите Lisa компјутери во 1980-тите години. Лари Теслер работел во Apple oд 1980 година, каде работел и на развој на Macintosh.

Првите верзии на Windows компјутерите користеле IBM концепт кој бил сличен (Insert, Dell, Shift и Control), но набрзо го прифатиле моделот кој го развил Лари Теслер.

Лари денес живее во Њујорк, компанијата Yahoo ја напуштил во 2008 година, а моментално работи како независен консултант за компјутерски интерфејси.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе