Предаден е на здравствените служби

Човекот кој уби пет лица со лак и стрела тврдел дека е гласник со силна порака

Кајгана/МИА
/ 15.10.2021 / 11:25

Данецот уапсен за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди, денеска е предаден на здравствените служби.

– Тој е предаден на здравствените служби по проценка на неговата здравствена состојба, изјави обвинителката Ана Ајрин Свејн Матијасен.

Според неа, се појавиле сомнежи за менталното здравје на човекот, идентификуван како Еспен Андерсен Братхен, дански државјанини, како и за тоа дали може законски да биде одговорен за нападот.

Тој призна дека ги извршил убиствата. Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути.

Судијата треба да одлучи дали ќе го задржи Братхен во притвор. Обвинителството побара тој да биде во притвор четири недели, а првите две да биде изолиран.

– Ако судијата го уважи барањето на Обвинителството, тој нема да биде испратен во затвор, туку ќе биде задржан на медицинска нега, рече обвинителката.

Иако полицијата соопшти дека нападот најверојатно е терористички акт, властите не ја исклучуваат можноста за проблеми со менталното здравје. 

- Напаѓачот се преобратил во ислам и полицијата е загрижена од знаците на радикализирање“, им кажа на новинарите шефот на националната полиција Оле Бредруп Саеверуд.

Во 2017 година 37-годишниот Еспен објавил морничаво видео во кое се опишал себеси како гласник, пророк кој доаѓа со силно предупредување.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе