Chrome ќе добие големо ажурирање на самиот крај на 2020 година, известува матичната компанија.
Првата промена се однесува на табовите- активните секогаш ќе одат први, а другите ќе бидат споредни.
Како што тврди Google, на овој начин уредот ќе биде за 5% помалку оптеретен.
Интернет пребарувачот ќе работи 25% побрзо отколку порано и ќе користи помалку RAM меморија.
Конечно ќе биде имплементирана опцијата „tab search“. Ќе може да ги видите сите отворени табови.
Chrome Actions ќе помогнат просторот за внесување на адресата на саканата веб-страница т.н. „address bar“, да работи побрзо и поефикасно.