Chrome нуди решение ако сакате да скриете што сте пребарувале на интернет

Google моментално испраќа ажурирање до корисниците на својот веб-прелистувач Chrome што ќе ви овозможи дополнително да го заштитите пристапот до табовите на прелистувачот, кои се отвораат во анонимен прозорец, со биометриска безбедност на вашиот телефон.

Chrome Incognito или анонимен прозорец, ако го користите веб-прелистувачот на Google, може да биде корисен ако сакате да прегледате некои содржини на интернет што не сакате да останат во вашата историја на Chrome. Инкогнито режимот не ја памети вашата историја на прелистување, но ако заборавите да го исклучите тој таб и некој го добие вашиот телефон, ќе може да види на кои „незгодни“ страници сте сурфале.

Во својот последен блог пост, Google информираше дека новитетот е веќе достапен за корисниците на iOS, а сега доаѓа и за корисниците на Android. Ако ја вклучите заштитата, некој што го користи вашиот телефон нема да може да го отвори прелистувачот и да види што сте гледале приватно.

Опцијата „Заклучи ги инкогнито табовите кога го затвораш Chrome“ го прави она што го сугерира името - може да отворите инкогнито табови, но ако се префрлите на друга апликација, ќе мора да го отклучите Chrome кога ќе се вратите за да стигнете до скриените табови. Ова може да го направите со PIN за да го отклучите телефонот или со биометриски податоци како што се отпечатокот од прст или лицето. Сепак, секој што има пристап до вашиот уред сè уште може да ги гледа вашите вообичаени табови без да го отклучи.

За да ја овозможите функцијата, одете до трите точки во горниот десен агол и кликнете Chrome Settings → Privacy & Security → Turn ON Lock incognito tabs when you close Chrome.

реклама

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Read more

Познати цените за новите Москвич модели

Read more

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Read more

Колку долго човек може да остане буден?

Read more

Интернет

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Read more

Се гаси уште еден пиратски сајт за симнување

Read more

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Read more

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Read more
 

Гик

Хиперсоничен авион ќе патува од Европа до Австралија за само 4 часа

Читај повеќе

Италија го забрани ChatGPT, трката за развој излезе од контрола

Читај повеќе

Колку долго човек може да остане буден?

Читај повеќе

Креативни начини како подобро да го организирате вашиот фрижидер

Читај повеќе

Познати првите детали за телефонот Samsung Galaxy S24 Ultra

Читај повеќе

Откриена планета голема колку Јупитер, но со густина поголема од олово

Читај повеќе

Илон Маск стана најследената личност на социјалната мрежа што си ја купи

Читај повеќе

Младите повеќе ги сакаат легендарните „глупави телефони“

Читај повеќе

Virgin Orbit се откажа од вселенските операции, отпушта 90 отсто од вработените

Читај повеќе