Чудесна, нежна и искрена: Сè што треба да знаете за жената Водолија

Прекрасна, нежна, слободоумна, пријатна, искрена и секогаш љубезна – сето ова ја опишува жената Водолија.

Дел од нејзината привлечност лежи во нејзината мистериозност. Не можете да ја разберете во целост затоа што таа има специфичен карактер. За неа не важат стереотипите и невозможно е да ја сместите во некоја група затоа што секогаш е против општествените норми и правила.

Секогаш се води според својот инстинкт и според своите правила и не сака да ѝ кажуваат како треба да се однесува.

Од друга страна, таа е секогаш подготвена да помогне, без разлика што и да ви треба.

Сака да напредува, но не сака промени. Водолиите се врзуваат за нивното минато и за спомените коишто се нивното најголемо богатство.

Секс и врски

Животот за жената Водолија е игра во која секој игра според сопствените правила. Кога станува збор за љубовта, таа ќе се погрижи никогаш да не ѝ биде здодевно.

На жената Водолија ѝ треба подолго време за да се вљуби и да му верува на партнерот. Кога е во врска, таа најмногу од сè ја почитува нејзината независност, па секогаш ќе задржи еден дел за себе којшто не го открива ниту на најблиските луѓе.

Не постојат правила во спалната соба, таа сака да експериментира во сексот и страсно да води љубов. Идеалните партнери за Водолијата се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен.

Пријателство

Водолијата сака да одржува добар однос со сите што ги знае. Водолиите не сакаат расправии и тензична атмосфера.

Нејзините пријатели може да ги наброите на прстите на една рака. Таа не верува на секого. Водолијата ќе биде тука секогаш кога ќе ви треба искрен совет и поддршка.

Изглед и стил

Има прекрасна насмевка, мал нос, силна вилица, дупчиња на образите и темна и бујна коса, грациозен став.

Жената Водолија е олицетворение на префинетост и нежност.

Водолијата не е роб на модата, но секогаш изгледа совршено и модерно.

Тие сакаат да експериментирааат, па во нивниот ормар ќе најдете сè, од авангардни парчиња облека до сериозни деловни костуми. Црната боја им стои најдобро.

Некои од познатите личности кои се родени во знакот Водолија се Опра Винфри, Џенифер Анистон, Барбара Мори, Шакира.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Живот

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more
 

Магазин

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе