НБА 2024/2025

Чудесниот Леброн на 41 година го изведе забивањето на сезоната

Лос Анџелес Лејкерс убедливо загуби со 118:97 на гостувањето кај Далас Маверикс, но по натпреварот никој не зборува за резултатот, туку за забивањето на Леброн Џејмс.

Во 4. минута од натпреварот Леброн постигна поени за намалување на водството на Далас на 9:7, а тоа го направи на навистина спектакуларен начин.

Ја зеде топката на линијата за три поени и молскавично тргна кон кошот.

Ја насочи топката со десната рака и тргна на забивање. Но, среде летот сфати дека пред него е Дерек Лајвли, 10 сантиметри повисок и 20 години помлад, и дека тешко ќе забие со десната рака преку него.

Така, во воздух ја префрли топката на левата рака, а потоа насилно заби како некогаш големиот Мајкл Џордан.

Remote video URL

Коментаторите, но и сите љубители на кошарката, беа воодушевени од потегот на играчот кој неодамна наполни 41 година и покажаа дека сѐ уште е врвен спортист благодарение на неговите физички предиспозиции, но и екстремната дисциплина кога се во прашање исхраната и тренинзите.

До крајот на натпреварот Џејмс постигна 18 поени со 10 скока и 8 асистенции.

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Кошарка

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Read more

Феноменалниот Вемби постигна 39 поени и ги предводеше Спарс до победа против Минесота

Read more

Дали заврши сезоната за Лука Дончиќ?

Read more

НБА експресно реагираше: Парична казна за Џејлен Браун за невкусните коментари

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ефектен гол од корнер во македонската женска лига

Читај повеќе

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе

Хакими ќе биде подготвен за финалето против Арсенал

Читај повеќе