Чудните навики на генијалците

Секој генијалец има посебни навики кон кои се придржува, сметајќи дека токму тие се одговорни за неговата „посебност“. Овие неколку генијалци имале навики кои се, во најмала рака, чудни.

Некои од вас веројатно ваквите навики би ги сметале за чудни, ексцентрични и би се срамеле од нив, но овие генијалци сметале дека токму ваквите навики се нивна гордост и без нив не би можеле да бидат толку добри во тоа што го работат.

Лудвиг Ван Бетовен

Бетовен е познат како еден од најдобрите композитори кои овој свет некогаш ги видел, но неговиот креативен процес бил неконвенционален.

Германецот многу често пишувал музика пред и по бањање. Според некои зачувани податоци, тој одел низ собата, размислувајќи за неговата следна композиција, потоа ќе се искапел, и продолжувал со пишување.

Онорѐ де Балзак

Познатиот француски писател е првиот познат „зависник од кафе“. Неговата навика била дури и штетна по здравјето, бидејќи имало денови во кои Балзак пиел и по 50 шолји кафе.

Тој тврдел дека додека работел на една од неговите книги, пишувал цели 48 часа, со само 3 часа одмор, па веројатноста е голема дека не лажел за количината на кофеин која ја внесувал.

Никола Тесла

Тесла не бил голем љубител на спиењето и често спиел само по 2 часа дневно, но тоа не е ни оддалеку неговата најчудна навика.

Пред да оди на спиење, Никола Тесла ги превиткувал прстите на нозете по 100 пати, затоа што сметал дека тоа му го активира мозокот и му ги регенерира мозочните клетки.

Алберт Ајншајн

Колку што е генијален, толку е и чуден.

Ајнштајн е еден од оние генијалци кои се граничат со лудост, а тоа го покажуваат и неговите навики.

Како мал, тој тешко се развивал и се мачел да научи да збори. Кога пораснал, почнал да смета дека токму тоа му овозможило многу повеќе време да се фокусира на работи кои се важни, и дека затоа бил напреден во однос на неговите врсници.

Во подоцните години, почнал да не си ја скратува косата за да избегнува бербери, и исто така не носел чорапи затоа што сметал дека се „непотребни“.

Фридрих Ниче

Делата на Ниче се познати како едни од клучните за Европската филозофија, и тој е меѓу највлијателните личности за развој на модерната филозофија.

Сепак, ниту тој не е без чудни навики, а покрај многуте, највпечатлива била неговата навика (или одлука) да стои додека работи. И не само што го правел тоа, туку и ги прекорувал сите кои не го прават истото.

Помеѓу познатите личности кои работеле на истиот начин се и Вирџинија Вулф и Луис Керол.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе