Чудо од рагбист: Го исчаши коленото, самиот го намести и продолжи да игра

Изгледа дека со право се зборува дека рагбистите се најцврстите спортисти во светот, а тоа посебно се покажа како точно по случајот на Џо Вестерман. Тој претрпе страшна повреда среде натпревар, но тоа како воопшто да не му влијаеше, па затоа стана и го продолжи натпреварот.

Во рамки на Супер лигата, најсилното европско рагби натпреварување, Џо Вестерман се судри со противнички играч и коленото му излезе од лежиштето. Обично кога ќе се случи нешто такво, повеќето спортисти бараат носилка и реакција на лекарите, но не и Џо – тој беше сам свој лекар, си го намести коленото и продолжи со денот како ништо да не се случило.

ВНИМАНИЕ: ВИДЕОТО НЕ СЕ ПРЕПОРАЧУВА ЗА ОНИЕ СО ЧУВСТВИТЕЛНИ СТОМАЦИ

Вестерман го забележа исчашеното колено, го удри неколкупати за да го врати назад во првобитната положба и кога му успеа, стана и се врати на теренот за да ја продолжи играта.

„Погледнав кон мојата нога и видов дека коленото не е онаму каде што треба да биде, па решив самиот да го вратам назад. Не беше многу страшна болка. За момент бев преплашен бидејќи коленото ми изгледаше чудно“, изјави Вестерман по натпреварот.

Оваа чудна ситуација се случи во натпреварот помеѓу Хал Сити и Хал Кингстон Роверс. Инаку, Џо Вестерман е познат по прекарот „Големиот Џо“ и е еден од најпознатите рагбисти на неговиот тим.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе