Чудо од растение - расте со плевелот, а лекува дури 10 болести

Се работи за многу распространето растение кое расте покрај патишта, зеадно со плевел и во песочни полиња.

Лековитото дејство на тегавецот (Plantago) е познато многу години. Постои машки (Plantago Lanceolata) и женски тегавец (Plantago Major), а нив често ги користеле древните хеленски и кинески лекари. Колку е ова растение лековито покажува и податокот дека тегавецот има антибактериски својства и помага при инфекции на белите дробови, но и за разни кожни болести и кожни промени.

Благодарение на големото количество калиум што го содржи, делува и диуретично, а поволно делува и на дигестивниот систем. Тегавецот се бере во март и април, а можете дури и да го јадете. Имено, неговите листови се користат за подготовка на супи, салати или едноставно се варат на пареа како спанаќ.

За консумација користете машки делови од тегавецот, односно млади листови кои се берат пред развитокот на цветот, од март до јуни.

Еве за што сѐ можете да ги користите листовите од тегавец:

Акни и митесери

Измешајте 15 до 29 грама свежо исцеден сок од тегавец со 10-15 грама мрсна крема и додадете неколку капки масло од роза, како и една лажичка маст од невен и добро измешајте. Смесата се користи против акни и гнојни митесери.

Камен во жолчка

Семето од тегавец се користи и за уништување на паразити, амеби и црви. Се препорачува како лаксатив, особено за деца, како и при воспалителни состојби на слузокожата. Консумирањето на 8 грама семки дневно го спречува создавањето на камења во жолчката.

Свеж сок

Потребни ви се 500 грама свежи листови тегавец. Сокот најлесно се прави во соковник или ситно се сечка со миксер, па се процедува низ газа. Неколку пати дневно пијте по една лажица сок измешан со половина лажица топла вода. Се зема напролет за чистење и поттикнување на метаболизмот, а корисен е и против белодробни заболувања, па и против туберкулоза.

Грип

Измешајте 30 грама лисја од тегавец, 30 грама иглички од смрека, 20 грама лисја од подбел и 20 грама од растението ден-ноќ. За чај, две лажички од оваа смеса прелијте ги со 250 милилитри топла вода и оставете да отстои 10 минути. Процедете, засладете со мед или додадете сок од вишни.

Забите и непцата

Тегавецот е одличен за брзо зараснување на рани на лицето и устата. Го спречува гноењето и го промовира заздравувањето. Изџваканите листови тегавец поставени како облога на забот и непцата можат да ја спречат инфекцијата на забите во раните фази.

За домашни миленици

Тегавецот добро го поднесуваат кучињата и мачките, па со силен чај од тегавец можете да им ги измиете осипите или раните. Доколку животните не го лижат повреденото место, можете да користите и маст, но пожелно е да им ставите елизабетанска јака.

Кожни проблеми

Употребата на тегавец е популарна за сите видови кожни проблеми, како што се рани, чиреви, исеченици, модринки, изгореници, плускавци, кутикули, каснувања од инсекти и осип од различни причини. За лекување на проблеми со кожата, измијте свеж лист и направете паста од него, а потоа нанесете на погодената област. Поради неговата лесна достапност, тегавецот е одлична прва помош за каснувања од инсекти.

Изгореници

Откако изгореницата ќе ја исплакнете со ладна вода, ставете лист од тегавец, кој ќе го прицврстите со фластер.

Сируп од тегавец

Потребни ви се 4 шаки свеж тегавец, 300 грама шеќер и 250 грама мед. Измиениот тегавец сомелете го во машина за мелење месо. Додадете малку вода, шеќер и мед, па полека загрејте до вриење. Мешајте постојано додека не добиете густ сируп. Истурете го врелиот сируп во тегли и чувајте го во фрижидер. За кашлица и бронхитис пијте по една лажица неколку пати на ден.

Маска за лице

На газа исечете дупки за устата, очите и носот. Измелете ги листовите од млад тегавец и истурете вода што врие (сооднос 1:3). Оставете ја водата повторно да зоврие и нека врие 3 минути. Потоа оставете течноста да се излади. Натопете ја газата во изладената течност и држете ја на лицето околу 15 минути. Потоа исплакнете.

Тагови
реклама

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Најмалку 96 загинати кај Сеута; Спасувачите: Глетката беше ужасна

Read more

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од паднатите дрвја

Read more

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Здравје

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Read more

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Read more

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Read more

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Read more

Магазин

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Читај повеќе

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Читај повеќе