Фудбал

„Чудото од дете“ Харви Елиот потпиша за Ливерпул

28. јули 2019 - 15:55 | МИА/КАЈГАНА

Младиот Англичанец Харви Елиот официјално стана играч на Ливерпул.

Чудото од дете со 16 години и 30 дена во мај годинава стана најмладиот играч во историјата кој играл на натпревар во Премиер лигата, во редовите на Фулам против Вулверхемптон.

Елиот во Фулам дебитираше уште пред една година на 15-годишна возраст, но тогаш се натпреваруваше во Купот Карабао.

За младиот талентиран англиски фудбалер интерес покажаа и Манчестер Сити и Арсенал, но на крајот тој сепак се одлучи за Ливерпул.

„Многу сум среќен што може да соопштам дека потпишав за Ливерпул. Приклучувањето кон клубот за кој навивам од дете е остварување на сонот за мене и целото мое семејство и неверојатно е чувството што можам да речам дека сум дел од ‘редс’“, напиша Елиот на Instagram.

Коментирај