Чулев ќе побара помош од војската за справување со мигрантите

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев покрај полициското засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на влезот на мигранти во нашата земја преку планината Беласица.

-Јас имам намера да разговарам со министерството за одбрана, односно со Армијата, со цел зголемување на бројот на армиски припадници во овој дел од граничното подрачје, рече министерот Чулев, одговарајќи на новинарско прашање што ќе се преземе по секојдневните илегални преминувања на јужната граница од страна на мигрантите.

На прашање од МИА дали некој ќе понесе одговорност што за неполн месец во Струмица се случија три тешки сообраќајни несреќи, во кои загина еден недолжен граѓанин и голем број мигранти се повредени, Чулев рече:

-Делот на полициската контрола на границата е во ингеренции на Регионалниот центар Исток, но и на Регионалниот центар Југ. Така е поставена границата на ова подрачје. Доколку таму не се запрат, тогаш тие доаѓаат на територија на СВР Струмица. Значи, ние ги преземаме сите мерки и активности за нивно спречување и на дневна база токму на планината Беласица постојано се враќаат големи групи на мигранти на грчка територија. Меѓутоа, кога ќе се вратат на грчка територија, пак, речиси, истите мигранти повторно влегуваат по други илегални патишта и потоа дел од нив, оние коишто успеваат се пречекуваат на подножјето на планината Беласица од лидери на криминални структури, кои подоцна со патнички моторни возила ги пренесуваат на северната граница. Имавме две-три сообраќајни несреќи во коишто имаше пренесувано мигранти. Значи, се работи за сообраќајни несреќи кои се расветлени, но дел од транспортерите не се фатени. Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип преземаат оперативно активности во оваа насока за идентификување и пронаоѓање и мислам дека веќе има напредни оперативни сознанија за нивно идентификување и нормално е дека ќе биде покрената кривична одговорност за нив, одговори на прашањето министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при денешната посета на СВР Струмица. 

реклама

Македонија

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Read more

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Read more

109 нови случаи на COVID-19, еден починат

Read more

Заев: Поканата на Ахмети за средба со албанските лидери е притисок кон мене за премиерското место

Read more

Вести

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Читај повеќе

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Читај повеќе

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Читај повеќе

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Читај повеќе

109 нови случаи на COVID-19, еден починат

Читај повеќе

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Читај повеќе

Џонсон бара зачувување на „силата и магијата“ на Обединетото Кралство

Читај повеќе