Чулев: На земјава ѝ се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев смета дека на земјава ѝ се потребни фер и демократски избори, но во оној момент, кога граѓаните без страв за своето здравје ќе излезат и ќе го поддржат тој во кого веруваат.

Чулев во интервју за „Република“ вели дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни мерки за фер и демократски избори и упатува апел за разумност при носењето на какви било одлуки кои би значеле загрозување на здравјето на нацијата и би ја довеле во прашање кредибилноста на тие избори.

Во однос на 80-часовниот карантив викендов во одредени градови, меѓу кои и главниот, Чулев нагласува дека одлуките кои ги носи Владата се однесуваат на ограничување на движењето на граѓаните и тие се дел од мерките насочени кон справување со коронавирусот, но смета дека одлуките се носат со недоволни аргументи и се базираат повеќе на политика, отколку на реални факти.

-Тоа особено беше видливо од моментот кога прашањето за одржување на парламентарни избори стана актуелно во јавноста. Политичкото влијание врз работата на Комисијата за заразни болести чии одлуки Владата генерално ги прифаќа, за жал имаат големо и сериозно влијание на денешната состојба во која се наоѓа нашата држава, а поврзана со пандемијата од COVID-19, смета Чулев.

Во врска со обвинувањата изминатиот период дека тој има одговорност за зголемување на новозаразените, поради непостапување на МВР, Чулев вели дека Владата сакајќи да ги прикрие неуспешните и неефикасни политики во справувањето со кризата одговорноста ја префрла врз него како единствен претставник на опозицијата.

-Истовремено, политизираноста на Министерството за внатрешни работи е толку голема, што директорот на Бирото за јавна безбедност во јавноста дава политички изјави кои се напишани во штабот кој е сместен на неколку метри од неговата канцеларија, а кои воопшто не кореспондираат со реалната ситуација. Дополнителен аргумент дека ова се само обвинувања насочени кон мене, а кои имаа политичка позадина се и бројните телеграми испратени од директорот и дополнителниот заменик на министерот со кои на припадниците на Министерството им се укажува дека командата ја има директорот и им се врши притисок да не ги почитуваат актите и одлуките кои во законска постапка ги носи министерот, вели Чулев.

реклама

Тешки последици кои пациентите со COVID-19 ги чувствуваат месеци по оздравувањето

Read more

Охрабрувачки бројки на заразени од COVID-19 по „црната рекордна недела“

Read more

Наја Ривера официјално прогласена за мртва, се исклучува можноста за убиство или самоубиство

Read more

Што се случува кога по втор пат ќе се заразиме со коронавирусот?

Read more

Македонија

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Read more

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Read more

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Read more

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Read more

Вести

Од коронавирусот во светот починаа 3.000 здравствени работници

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Зибери: Не сум позитивен на COVID-19, утре ќе гласам во 10 часот

Читај повеќе

ССМ: 15 јули неработен ден за сите работници, ако се работи да се пријави во ДИТ и да се исплати надомест

Читај повеќе

Аја Софија останува отворена за посетители кога ќе нема молитви

Читај повеќе

135 новозаразени, 4 починати и 142 оздравени

Читај повеќе

ЦИВИЛ: Кршење на изборниот молк и други изборни нерегуларности

Читај повеќе

Кокино добива нови патоказни и информативни табли

Читај повеќе

Коронавирус кај 57 морнари во Аргентина, не знаат како се заразиле

Читај повеќе