Чулев: Пендаровски за вонредната состојба не се консултираше со МВР

Скопје, 12 јуни 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се сомнева дека одлуката на претседателот Стево Пендаровски за непрогласување нова вонредна состојба би можела да биде донесена повеќе врз основа на политичко влијание отколку на стручно мислење поради тоа што таа била донесена без да се консултираат најважните институции во државата.

Апелира сите политички чинители да бидат максимално одговорни при носењето на сите важни одлуки за државата и потенцира дека изборите мора да бидат фер и демократски и освен здравјето на граѓаните, тоа е најважен услов кој треба да биде испочитуван при носењето на овие одлуки.

-Носењето на одлуката за непродолжување на вонредна состојба без да се консултираат најважните институции во државата отвора кај мене сомнеж дека одлуката е донесена повеќе врз основа на политичко влијание, а многу помалку врз основа на стручното мислење и реалните аргументи со кои располагаат институциите, стручни аргументи кои до сега беа тема на дискусија на седниците на Советот за безбедност. Факт е дека бројот на заразени од коронавирусот изминатите неколку денови е голем и истиот треба да биде причина за многу посериозен пристап, не само при носењето на оваа важна одлука, туку и при постапувањето на сите инстититуции кои имаат одговорност во овој процес, пишува Чулев на својот Facebook профил.

Тој посочи дека претседателот Пендаровски во одговорот на новинарските прашања истакнакнал дека при донесувањето на одлуката се консултирал единствено со министерот за здравство, но веројатно, како што вели, не чувствувал потреба да се консултира и со министерот за внатрешни работи од истата Влада, кој раководи со институцијата која во голем дел е вклучена и има одговорност за справување со коронавирусот. Неговата позиција, потенцира Чулев, не дозволува одлуките кои се носат да бидат донесени без консултација со сите релеватни фактори, а уште помалку доколку во прашање е здравјето на граѓаните.

-Во дел од изјавата индиректно ме обвинува за непостапување на Министерството за внатрешни работи и овие обвинувања се паушални и неосновани и истите се темелат единствено на изјави на одредени политичари од власта, а не на постапувањето на полициските службеници и бројот на констатирани прекршоци од страна на МВР за што говори и бројот на поднесоци до надлежните институции. Во таа насока во оваа прилика ќе потенцирам дека од страна на полициските службеници до сега се констатирани 5.411 непочитувања на мерката на ограничување на движење, во однос на обврската за носење заштитна опрема до сега констатирани се 12.399 прекршоци, направени се преку 180 илјади контроли на лицата во изолација и самоизолација и во соработка со Државниот пазарен инспекторат период направени се преку 20 илјади контроли на угостителски објекти, пишува министерот за внатрешни работи.

Според него, факт е дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе ја вршат својата работа, но потенцира дека здравјето на граѓаните е пред се и тоа треба да биде врвен приоритет за сите.

-Во таа насока апелирам до сите политички чинители да бидат максимално одговорни при носењето на сите важни одлуки за нашата држава. Уште еднаш потенцирам дека изборите мора да бидат фер и демократски и освен здравјето на граѓаните, тоа е најважен услов кој треба да биде испочитуван при носењето на овие одлуки. Уште еднаш апелирам политиката да ја тргнеме на страна и да се издигнеме над партиските интереси, во таа насока важно е да не дозволиме здравствената и економска да прерасне и во политичка криза. Прво, да го заштитиме здравјето на граѓаните, а потоа да размислуваме и за враќање во нормала на функционирање на демократскиот систем на државата, пишува министерот за внатрешни работи на Facebook.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе